Валентино направи вистинска магија со парчињата од последната колекција, комбинирајќи го незамисливото и претставувајќи една поинаква мода за силните жени и девојки со уникатен карактер.

Инспириран од единствената Wonder Woman, дизајнерот спои романтични фустани со неодолив ѕвезден принт со кожени мото јакни со супер апликации во задниот дел.

Речиси сите парчиња од колекцијата имаат неодоливи ѕвезди по површината, па така можете да најдете и куси фустанчиња од тул и тантела со романтични јаки, дел од неговите добро познати долги тоалети, но и тренди куси тексас и кожени панталончиња.

Особено интересни се кусите фустанчиња во негов стил што дизајнерот овој пат, во чест на Wonder Woman, ги комбинира со кожен корсет.

Подеднакво уникатни се и модните додатоци меѓу кои и неговите добро познати и омилени чанти, рамните и високи чевли со ремчиња, но и шик старките кои ги комбинира дури и со неговите свечени креации и истите изгледаат навистина одлично.

Погледнете ја целата колекција со која модната куќа Валентино деновиве ги израдува своите обожавателки.

Објавено:
19 април 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
278 пати