Новата колекција на омилениот Ели Сааб дојде како вистински подарок пред новогодишните празници. 

Покрај неговите добро познати романтични парчиња, овој пат дизајнерот додаде многу реси, кожни парчиња, панталони со висок струк, прекрасно крзно, куси панталони и многу колоритни моменти кај колекцијата од која знаеме дека ќе ви запре здивот. 

За истата тој ќе каже дека е инспириран од Лондон и дека работел многу за низ колекцијата да се провлече омилениот ретро моменти од 70 – тите во една поинаква, нова димензија. 

Секако, во пред – есенската колекција тој не заборава да смести неодоливи парчиња од тантела што овој пат ги комбинира со кожени јакни со реси, шик елечиња, колоритно крзно и уште многу слатки моменти. 

Со истото, тој на целата колекција ѝ дава една поинаква димензија и ја претставува силната страна на нежната жена што секогаш му е предизвик. 

Во колекцијата, сосема нормално, Сааб смести и одлични парчиња што се совршен избор за новогодишните празници. 

Погоре во галеријата погледнете ги сите парчиња за кои веруваме дека ќе бидат совршен подарок за вас оваа среќна среда.

Објавено:
9 декември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.206 пати