Британската дизајнерка Викторија Бекам ја претстави својата колекција за претстојната сезона есен-зеима 2021. Таа направи симбиоза на нејзината pre-fall и readyto wear колекција изјавувајќи дека ова е неопходно бидејќи сега живееме во едно поинакво нормално време во кое удобноста е клучна.
Токму тоа и може да се види во колекцијата која изобилува со удобни парчиња кои можат да се носат и надвор од домот.
Викторија Бекам ја претстави оваа колекција надвор од рамките на Лондонската модна недела која започнува на 19 февруари. Според неа, сезонските календари во моментов звучат бесмислено.
Колекцијата е елегантна и едноставна со парчиња за жени со изострен вкус и кои по дома не шетаат по тренерки, туку во фустани или панталони. Одела на пруги, воени детали како златните копчиња на ремените, јакни и кошули, удобни фустани, смели цветови, широки панталони, плетени и тексас парчиња се само некои од елементите кои ја сочинуваа колекцијата.