Пјерпаоло Пичоли во новата колекција за Валентино, размислуваше низ очите на неговата ќерка – тинејџерка.
Имено, во една прилика минатата година, таа позајмила одело од неговиот плакар и сама го искомбинирала со бела кошула и црна вратоврска.
Овој класичен изглед, непознат во светот на тинејџерите од новата генерација, добива сосема нова смисла.
И токму со расплетување на оваа идеја тргнал Пичоли во создавањето на концептот за колекцијата есен-зима 2023/24 за Валентино.
Белата кошула и црната вратоврска во оваа колекција се на едно сосема ново ниво, со нова младешка енергија, а токму таков е и кастингот на моделите – за најавтентично да ја доловат таа бунтовност на новата генерација адолесценти.
Но, далеку од тоа дека оваа колекција го ограничува таргетот на кој му се обраќа.
Напротив, ова е колекција која им припаѓа на сите генерации со бунтовнички дух.
Претежно црно-бела, некаде андрогена, а некаде романтична, базични парчиња како белата кошула и црното сако, модифицирани со пердуви и карнери – функционално споени во една нова димензија на класиката.