Заврши модната недела во Лондон

18 септември 2013

LFW

Лондонската модна недела заврши вчера, а на последниот ден, помеѓу другите беше претставена најновата колекција на Адидас од Стела Макартни, како и колекцијата пролет 2014 на Симон Роша.

Генерално во изминативе пет дена, креаторите во лоднон покажаа облека за сечиј вкус. Од спортски колекции, преку секојдневните комбинации, до елегантните модели, Лондон понуди вистинска богата модна недела. Она по што и инаку се препознатливи како сцена, а тоа се мешањето на дезените, беше застапено и овој пат и тоа претставено на одличен начин. Така, несомнено дека мешањето принтови ќе биде актуелно наредната пролет, а ако не знаете како тоа успешно да го правите, тогаш слободно искористете ги идеите што беа презентирани на оваа модна недела.

Исто така, многу внимание се посвети на удобноста на тоа што се носи. Застапени беа и геометриските и минималистички креации, а кога се боите во прашање, монохроматските беа најзастапени, а потоа следеа нијанси на светлите бои.

Во продолжение погледнете ги и ревиите од последниот ден.

Објавено:
18 септември 2013
Категорија: 
Колекции