10 факти за Лубутан

13 август 2015

Кристијан Лубутан е еден од омилените светски дизајнери на чевли. Неговите „Лубутанки“ станаа моден култ и се едни од најпосакуваните обувки меѓу жените ширум светот.

Во продолжение ви презентираме 10 интересни и не толку познати факти за дизајнерот и неговиот бренд.

1.  Кристијан Лубутан има верен батлер од Бангладеш, Шефкет, кој оди секаде со него и го исполнува секој негов каприц, дури и на одмор.

2.  Првите обувки што ги дизајнирал се инспирирани од позната фотографија на принцезата Дајана, за време на нејзината посета во Индија во 1992. На фотографијата таа седи пред Тач Махал. „Се сеќавам на таа фотографија, на тоа како Дајана гледа кон нејзините стапала. Јас препознав тажен поглед и си помислив дека би било убаво да имам нешто со што би ја насмеал кога ќе гледа кон нозете. Така, ги направив првите рамни антилоп чевли. Во потписот се содржеше и зборот LOVE – LO на левата обувка и VE на десната“, откри дизајнерот во една пригода.

3.  Неговите „So Kate“ чевли со високи потпетици се инспирирани од Кејт Мос. Додека ги пробувала чевлите за нејзината свадбена церемонија, дизајнерот сфатил дека моделката има безброј чифта од неговите добропознати Pigalle потпетици, па одлучил да ги реобликува и да создаде верзија совршена за Мос. Така, тој ја продолжил должината до петицата, ја истенчил потпетицата и ја направил повисока.

4.  Кристијан Лубутан има четири дома ширум светот. Секој од нив е совршен.

5.  Факт посветен на потпетиците: колку е помала дистанцата помеѓу врвот на петата и ѓонот, односно стапалото, потешко е да се движите во челвите. Колку растојанието е поголемо, чекорењето е полесно.

6.  И покрај големата лична колекција на чевли (поседува преку 100 чифта чевли во неговиот дом во Париз), Лубутан многу често мисли дека нема соодветни чевли за одредена пригода. Според него, тоа и не е така лошо, бидејќи му дава идеи да создава нови дизајни. Неговите чевли ги распределува по категории. Чевлите украсени со шилци се во еден плакар, оние со нитни во друг, а патиките во трет.

7.  После долги години верување дека е посвоен, бидејќи неговата боја на кожа е значително потемна од онаа на неговите три сестри, Лубутан во 2014 открива дека тој е резултат на страсна афера на неговата мајка со Египќанец. Неверојатно, но во интервјуто за The Scotsman во 2012 година вели: „Се чувствував како да не сум Французин. Моето семејство е „француско“ во голема мера, па јас бев уверен дека ме посвоиле. Но, наместо страшното чувство дека сум аутсајдер, кој мора да оди и да си го најде вистинското семејство, јас си создадов моја историја, полна со ликови од Египет, бидејќи многу сум по фараоните“.

8.  За жал на многу жени, Лубутан никогаш нема да создаде линија која ќе биде со пристапни цени и покрај тоа што многу пати тоа го барале од него. Тој смета дека на тој начин ќе го компромитира квалитетот. „Би било навредувачко да го ставам моето име на дизајн на кој нема да бидам горд. Нема тука преговарање“, вели дизајнерот.

9.  „Мислам дека создавам многу некорисна работа и сум многу горд на тоа. Но, сметам дека е важно да се дизајнираат работи кои не ти требаат“, тврди дизајнерот.

10. Тој нема бизнис модел за неговата истоимена компанија. Прави како ќе му дојде. „Нема бизнис модел или план за бизнисот, како што нема ниту за било што општо што го правам“, открива Кристијан.

Објавено:
13 август 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.923 пати