Американскиот „Вог“ не е веќе модна библија

8 ноември 2016

Од основањето, па сè до модерните времиња, магазинот „Вог“, а пред сè мислиме на американското издание се сметаше за модна библија. Не можеше да се замисли да не се има новиот број, за да се видат последните модни новитети.

Но, современиот начин на живот го доведе во прашање влијанието што американскиот „Вог“ го има особено кај новата генерација (пред сè се мисли на родените од 1980-тата до 2000-тата).

Магазинот го издава Conde Nast, издавачка куќа што се соочи со разни губитоци. Една од клучните причини е и сигурноста на која ѝ се потпреа, дозволувајќи на разни модни портали да им ги преземат читателите од горе споменатата нова генерација.

Зграснувањето на style.com односно основањето на Vogue Runway некои го толкуваат како доцен, па дури и очајнички чекор при кој се вработија голем број дигитални стручњаци, сè со цел да се допре со изгубената публика и да се биде во чекор со остатокот.

Оваа нова генерација не чека редови за да го купи новиот „Вог“, бидејќи информациите ги добиваат во секој момент од денот, благодарение на паметните телефони и другите уреди.

Според истражувањето од 2014 година, дури 87 проценти од новата генерација вели дека не го испушта телефонот од вид. 80 проценти од нив изјавиле дека телефонот е првата работа која ја проверуваат по будењето. Во контекст на тоа, 78 проценти дневно поминува повеќе од два часа сурфајќи.

Тоа значи дека, ако ја немате информацијата, овие луѓе ќе ја најдат на друго место, без разлика на вашата познатост, популарност или статус во модниот свет. Денес не постои лојалност, како во времето на нашите родители или баби и дедовци – ако купуваш „Вог“ – постојано ќе купуваш „Вог“. На младите денес им е важно да го добијат она што го сакаат, а не каде ќе биде тоа.

И ако не сте во тек со брзината и начинот на размислување со современиот живот, тогаш губитоците ќе бидат големи.

Ваквиот развој на нештата, не значи дека Ана Винтур не е паметна. Напротив, таа навистина е институција. Иако нејзиното добредојде на Кардашијан семејството и Канје Вест многумина го осудија, но тој чекор повторно го издигна печатеното издание на „Вог“ повторно над сите и тоа токму во период на криза во сите печатени медиуми генерално.

Ретко кој современ и млад човек ќе купува „Вог“ на оној колекционерски начин на кој тоа го правеле претходните генерации. А магазините и премногу се „улежаа“ во својата удобност и стандардност. Нема промени, новитети, фасцинантни едиторијали, колумни со ставови што ќе ве натераат да размислувате, со истражувачки стории... Останаа на истото ниво со години, стана досадни... И модните магазини, па дури и „модната библија“ се доближија до таблоидите, а со желба на тој начин да им се доближат на новите генерации.

За волја на вистината, сајтот на „Вог“ нема свежи информации. Не се брзи, ниту пак сериозни, кога е содржината во прашање. Нема истражувачка сторија, сериозна тема. За содржините кои ги нуди „Вог“ има уште десетици други исти такви. Се стопи ли списанието со својата уредничка, која со години не менува фризура и обувки?

Сака ли „Вог“ да биде како и сите други? И уште поважно, ќе може ли да се „препороди“? 

Објавено:
8 ноември 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
447 пати
Извор: 
Buro 24/7.hr