Дали блогерите заработуваат повеќе од модните уредници?

10 септември 2014

Во модниот свет последните неколку години феноменот моден блогер добива се поголема важност и нуди можност за сите оние индивидуи кои директно или индиректно сакаат да се дел од оваа индустрија. Токму затоа потребно е да се истакне дека нивната цел да бидат дел од првите редови на модните ревии полека но сигурно станува реалност, но и можност да се биде во круг со највлијателните имиња во модната индустрија и да се добие работна понуда која не се одбива.

Дали постои еднаква можност за сите модни блогери? Дали е доволно платено ова хоби? Дали може да се изгради кариера и дали е тоа работа која која е со рок на траење? Ова се само дел од прашањата кои постојано се поставуваат кога се прави споредба со модните уредници и блогери и токму затоа ќе ви приложиме информации од анонимни вработени  на Conde Nast, кои прецизно ја потврдија сумата која ја заработуваат. Уредник асистентот добива плата од 30. 625 долари, а доколку успее до позицијата уредник, платата стигнува и до 69. 650 долари. Главниот и одговорен уредник годишно е платен 98. 733 долари, а креативниот директор заработува 166. 333 долари. Предноста во работењето во моден медиум е што имаат можност да учат од професионалци кои се докажани во тој домен и секако ако доколку се покажете на дело, да бидете дел од нивниот тим.

Иако неодамна во јавноста се појави информација дека одредени модни блогери се толку успешни што заработуваат милион долари на годишно ниво, сепак ние ќе ја потврдиме цифрата која ја зема една од најпознатите блогерки Рејчел Парцел, која заработува 960. 000 долари. Во однос на останатите споредби, финансиите на модните блогери кои успеале преку својата платформа да заработат пари се движи од 10 до 50 илјади долари, слично на платата која ја зимаат главните и одговорни уредници во одредени модни медиумски куќи.

Можеби за новинарите и уредници ова се запрепастувачки информации, но тоа е реалноста. Модните блогери се тренд кој успешно се етаблирана се повисоки инстанци, секако правејќи природна селекција за сите оние кои имаат што да понудат. Колку ќе трае овој феномен е непознато, но сепак едно е сигурно – работењето во медиум овозможува сигурно платена работа, искуство и контакт со луѓе кои може да бидат пресудни во делегирањето на кариерата на повисоко ниво.

Објавено:
10 септември 2014
Категорија: 
Стории