Дали знаете како настанал зборот шик?

27 март 2015

Веројатно досега многу често сте го сретнале зборот шик низ разните модни магазини и онлајн портали, а најверојатно и вам ви се случило да го употребите.

Но, дали знаете како воопшто настанал зборот шик што денеска е дефинитивно еден од најупотребуваните во светот на модата?

Според Оксвордскиот речник, зборот шик значи отменост и елеганција, нешто сосема уникатно.

Во продолжение, ќе ви ја раскажаме историјата на зборот шик од самиот почеток на неговото „раѓање“.

1600: Зборот што денеска ни е толку познат, има потекло од стариот француски израз chicanery што во превод значи интрига, мудрување, измама. Некои тврдат дека зборот води потекло од германскиот збор shick, што значи вештина.

1846: Францускиот писател и критичар Чарлс Боделар, зборот шик го опишува како „страшен и чуден збор, неодамна смислен што воопшто не знае како да го спелува“.

1856: Во „Госпоѓа Бовари“ на Гистав Флобер, еден од ликовите го користи зборот chicard како форма на париски сленг, за да опише некој што има стил и изгледа добро.

1860: Оксвордскиот речник тврди дека зборот шик се појавувал и во англискиот јазик, од каде се случила и варијацијата chickly.

1887: Во јануарското издание на магазинот „The Lady“, инаку најстариот англиски женски неделен магазин што постои и денес, во еден текст стои реченицата: Дамите од Њујорк сметаат дека ручеците се најшик форма на забава било кога измислена.

1925: Во време на популарноста на џезот, да бидеш шик значело да се движиш во кругот на најголемата модна елита.

1968: На врвот од својата слава, кон средината на 60 тите, Французинките како Брижит Бардо, Кетрин Денев, но англиско- париската модна икона Џејн Биркин, воведоа нова ера на зборот шик!

1976: Лери Флинт му даде сосема нова димензија на зборот шик, употребувајќи го како назив на првиот број на неговиот порнографски магазин.

1978: Дека зборот шик стана сѐ поприсутен во говорот, потврди и диско бендот Chic, објавувајќи песна под името Le Freak (Le freak, c’est chic).

1993: Кејт Мос и Наоми Кембел стануваат дефиниција за моден шик, кои „шик стилот“ го подигнуваат на едно сосема поинакво ниво – шик девојка и надвор од модните писти.

2006: Музејот на уметноста Метрополитен и оддава признание на Нан Кемпнер за нејзината изложба „American Chic“.

2010: Мери Кејт и Ешли Олсен ја дефинираат новата ера на бохо шик стилот, со мноштво слоеви и долга брановидна фризура. Пет години потоа, тие ја презентираат другата страна на шик стилот со нивната луксузна и ready – to – wear линија на облека под наслов The Row.

2011: Питер Копинг дизајнира колекција за есен 2011 за Нина Ричи, базирана на идејата на преиспитувањето на тоа што всушност значи зборот шик.

2014: Geek Chic стилот за прв пат се појавува некаде во средината на 90 – тите. Со спојувањето на модата и технологијата, во 2014 за прв пат на пазарот се појавуваат познатите geeky очила.

2015: Уште еднаш, да се вратиме на француските корени...Некои од најголемите икони на шик стилот, денеска се дел од новата ера: Каролин де Магрет, Клеменс Поеси, Карин Ројтфилд и Марион Котилард, се само некои од имињата.

Минимализмот и денеска е ултра шик! Минимализмот и денеска е ултра шик!

Објавено:
27 март 2015
Категорија: 
Стории