Гардероберот открива каква личност сте

6 декември 2013

Гадробер со дизајнерска облека

Според мислењето на Трејси доколку орманот ви е полн со дизајнерски парчиња, тогаш сте личност која има проблем со самодовербата бидејќи не градите сопствен стил, туку купувате парчиња со потпис за да ја скриете вашата вистинска личност зад нив.

Гардеробер полн со износена облека

Овој тип на жени имаат проблем бидејќи живеат во минатото, па се приврзуваат за парчиња кои ги носеле во нивната младост, се спомен од блиска личност или пак сметаат дека еден ден повторно ќе бидат модерни. Модната блогерка смета дека овие личности всушност имаат проблем со анксиозноста.

Парчиња облека со етикети

Трејси смета дека овој тип на жени не живеат во минатото, односно имаат јасна визија за иднината, но не знаат вистински да уживаат во животот.  Постојано купуваат нови парчиња облека, но со тоа го прекриваат недостатокот од посветување на време само за себе.

Преовладување на монохроматски нијанси во органот

Ако во гардероберот преовладуваат црната, белата и сивата нијанса, блогерката смета дека личноста сака да биде неприметлива, а можеби е и интроверта.  Тука не станува збор за нијанси кои најчесто преовладуваат во есенско/зимските колекции или пак за прекривање на недостатоци со потемни нијанси, туку едноставно личности кои се ограничени како во изборот на боите, така и во контактите со луѓето.

Гардеробер полн со панталони

Жените кои не носат здолништа најмногу привлекуваат личности кои сметаат дека треба да се прекрие сексуалноста за да се биде успешен во деловното опкружување.

Идентични парчиња

Доколку во орманот преовладуваат ист модел на парчиња, а во различна нијанса или пак комбинации на бели кошули со црни панталони, тогаш личноста се плаши од промени и има проблеми кои ги прекрива преку носењето на исти парчиња како сигурен избор.

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Стории