Зошто некоја боја ни е омилена и што тоа говори за нас?

4 април 2019

Модните стручњаци секогаш потенцираат дека со облеката што ја носиме пренесуваме порака, но Дејвин Зила, автор на книгата „Color Your Style“ порачува дека и со изборот на боја го правиме истото.

Во гардероберот може да имаме многу бои, но една до две ќе се издвојат како омилени, или барем како бои што најмногу ни се допаѓаат и придонесуваат да се чувствуваме и изгледаме убаво.

Токму тоа го објаснува и Зила во својата книга, а во продолжение ви пренесуваме дел од неговите видувања за тоа што омилената боја на облека говори за нас:

 

Црна

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@uniqueladychic) onApr 4, 2019 at 5:22am PDT

Црната нијанса се смета за мошне сериозна, вели Карен Хелер, ескперт за мода. И навистина, според психолошките истражувања, црната се смета за индикатор на престиж, моќ, сериозност и интелигенција. Ова се само дел од причините поради кои црната боја се користи за изработка на униформите за дипломирање на многу од светските универзитети. Се смета дека луѓето што ја преферираат оваа боја се амбициозни, одлучни, но и чувствителни. Лесно се возбудуваат и покрај тоа што се трудат тоа да го сокријат. Црната им помага да го оттргнат вниманието на опкружувањето од својот изглед и да го пренасочат на нивната личност, бидејќи внатрешните карактеристики им се најважни.

 

Бела

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily Luciano (@emily_luciano) onJul 11, 2018 at 12:49pm PDT

Белата означува слобода, чистота, невиност, едноставност. Токму поради овие карактеристики голем број луѓе кога се одлучуваат да започнат нешто ново во животот, ново поглавје, се одлучуваат токму за белата. Оваа нијанса ги привлекува сите оние што ја сакаат слободата и гледаат на животот оптимистично. Исто така, луѓето на кои белата им е омилена се многу уредни, организирани во се' што работат, сакаат нови почетоци и тежат кон совршенство. Белата, сепак, можат да ја носат многу различни типови на личности, особено бидејќи се работи за неутрална нијанса која ретко ги одбива другите.

 

Сива

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Evangelie Smyrniotaki (@styleheroine) onMar 2, 2019 at 12:41pm PST

Често од стилистите може да се слушне дека сивата е боја на рамнотежата. Ако една личност има многу облека во сиви нијанси, тоа најчесто значи дека сака да остане невидлива. Сивата со нејзините нијанси се симбол на мирот и зрелоста. Со оглед на тоа дека ова е неутрална боја, многу е тешко да се окарактеризира личноста која ја преферира. Но, сигурно е дека тоа се личности кои не сакаат да привлекуваат внимание и се обидуваат да останат неутрални, ги почитуваат правилата, разумни се и ниско емоционални.

 

Кафена

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by fresshippie (@fresshippie) onMar 29, 2019 at 10:27am PDT

 Ова е боја на земјата, боја на нешто силно, стабилно. Токму така се доживуваат луѓето што често ја носат оваа боја и нејзините нијанси. Од друга страна, луѓето што ја сакаат кафената и ја носат се по малку конзервативни, секогаш бараат спокој, стабилност и сила. Оставаат впечаток на интелигентни и рационални личности, на кои може да им се верува.

 

Сина

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by A N D R E A N A H L E (@thealens) onMar 6, 2019 at 2:52pm PST

 Новинарката и психолог, Лиса Џонсон Мандел вели дека сината боја е идеална доколку треба да одите на разговор за работа, бидејќи на тој начин ќе оставите впечаток на самодоверба и доверба. Не случајно и голем број униформи се токму во оваа боја. Од друга страна, научниците на Универзитетот на Британска Колумбија, направиле истражување за влијанијето на боите и откриле дека темните нијанси на сината боја имаат смирувачки ефект. Луѓето ја поврзуваат со интелигенција, ефикасност и смиреност. Се верува дека луѓето што често ги носат сините нијанси се љубезни, симпатични, па дури и срамежливи, работници за пример и одлични родители, токму поради нивната смиреност и рамнотежа која се прикажува и преку изборот на боја.

 

Зелена

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iconic Vintage Styles (@vintage_insider) onApr 3, 2019 at 11:34am PDT

Истражувачите од Универзитетот во Амстердам велат дека зелената боја го поттикнува доброто расположение. Оваа боја е пријатна бидејќи е сродна со природата, па предизвикува чувство на спокој и задоволство. Тие што ја преферираат имаат активен и јавен живот, секогаш се опркужени со многу луѓе и се најчесто финансиски стабилни. Исто така се и грижливи, љубезни и имаат меко срце.

 

Виолетова

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Keeping Memories (@keepingmemoriesorg) onMar 31, 2019 at 9:01am PDT

Во минатото виолетовата била „резервирана“ за високото друштво, за благородниците. Означувала богатство, софистицираност и луксуз. Низ историјата постојат податоци кои велат дека Клеопатра ја обожувала виолетовата. Во минатото се верувало дека само богатите можат да си дозволат облека во виолетови нијанси. Денес пак, таа означува креативност, артистичност, љубов кон уметноста. Според експертите, луѓето што ја носат виолетовата и нејзините нијанси се емотивни, сонувачи, создавачи и ја сакаат мистиката. Исто така се непредвидливи и истовремено е многу лесно и многу тешко да се излезе на крај со нив.

 

Розева

 Светлите нијанси на розовата се омилени на девојките кои сакаат да флертуваат. Од дурга страна, тоа е најчестата боја застапена во модата за деца, односно девојчиња. Кога ја носат жени во зрели години, тоа значи дека се нежни и женствени. Нежните розови нијанси се сметаат за мирни, топли и женствени. Во некои затвори ѕидовите се токму розови затоа што се смети дека оваа боја има влијание на седатив и ја намалува агресијата. Луѓето што ја сакаат розовата се романтични, оптимистични и праведни. Тоа се луѓе што ја почитуваат љубезноста и удобноста и им даваат приоритет.

 

Црвена

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Evangelie Smyrniotaki (@styleheroine) onOct 7, 2018 at 12:19pm PDT

 Црвената е боја на страст и моќ. Доколку сакате некого да го импресионирате, црвена е бојата што треба да ја носите. Луѓето ги поврзуваат светлите нијанси на црвена со енергија, возбуда и активност. Психолозите велат дека жените што сакаат да носат црвена боја им се попривлечни на мажите, кои оваа боја ги возбудува. За оние што често ја носат, се смета дека се паметни, по малку себични и склони кон зависности.

 

Жолта

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JASPAL OFFICIAL (@jaspalofficial) onJul 20, 2018 at 9:05pm PDT

 Ова е бојата на среќата, сонцето и смеата. Истражувањата покажале дека оваа боја го зголемува создавањето на серотонинот во мозокот, го забрзува метаболизмот и го подобрува расположението. Освен тоа, жолтата ја зголемува концентрацијата и вниманието, па е чест избор за билборди и реклами, сообраќајни знаци, улични обележувања. Стручњаците велат дека оваа боја ја носат активни, креативни личности, оние што сонуваат, се авантуристи и подготвени за истражување и освојување.

 

Портокалова

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by THE FASHION DAILY NEWS (@thefashiondailynews) onMar 28, 2019 at 4:15am PDT

Портокаловата е идеална ако сакате да создадете забавна атмосфера. Се смета за топла и опортунистичка боја. Ја носат луѓе што се креативни, атрактивни и весели, што го сакаат оптимизмот и доброто расположение. Тоа се и луѓе што се подготвени на промени. Иако можат да бидат понекогаш и многу чудни, сепак во основа тие се амбициозни и зборлести.

 

Која е вашата омилена боја?

 

Објавено:
4 април 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
4.865 пати
Тагови: 
стории боја мода