Историјата на високите потпетици – од статусен симбол до нeзаменлив тренд на црвениот килим

5 март 2014

За разлика од денешното носење на високите потпетици, во минатото нивната намена била за означување на статусниот симбол или заради избегнување на валкањето од калта.

Во древниот Египет 4000 години пред нашата ера, високите потпетици ги носеле месарите за да не ги извалкаат нозете од крвта на животните. Од 1400 до 1600 година, се носеле вртоглаво високи потпетици од 10 до речиси 90 сантиметри за да се спречат жените да бегаат од дома и да не танцуваат. Ваквите потпетици се носеле во Турција, Италија и Шпанија.

Во времето на владеењето на Луј XIV, високите штикли означувале статусен симбол и можеле да ги носат само припадниците на монархијата и буржоаската аристократија. Интересно е да се знае дека секој вторник се носеле исклучиво чевли во црвена потпетица.

Во средината на 50 – тите години биле создадени првите модерни чевли на високи потпетици и тоа од страна на Роџер Вивиер за потребите на Кристијан Диор.Вивијан Вествуд со енормно високите чевли „Elevated Gillie“ од 22 сантиметри на платформа допринесе Наоми Кемпбел да изгуби рамнотежа и да падне за време на ревијата.

Во текот на деведесеттите години, Кристијан Лубутан на сцена ги враќа чевлите со потпетица од 10 сантиметри, а разните модели ја вратија женственоста во преден план, со истакнување на силуетата на дамата. Токму затоа, овој дизајнер на чевли е еден од најомилените на светско ниво, а неговите модели често може да се забележат на црвените килими.

Објавено:
5 март 2014
Категорија: 
Стории