Во царството на најубавите високи потпетици

28 октомври 2013

Секоја жена секогаш сака да изгледа што е можно подобро, но животот е незамислив без високите потпетици со кои го надополнуваме речиси секој наш изглед. Високите потпетици прават ногата да изгледа визуелно подолга и секако поубава. Дизајнерот Кристијан Лубутан се разбира дека е незаменливиот во ова поле. Провокативно,впечатливо и секси, со овие епитети би можеле да се опишат обувките произведени од  Лубутан, а ги посакува секоја жена. Овие високи потпетици се наменети за оние што знаат што сакаат и пред се имаат „длабок“ џеб.

Опасните девојки во својата  колекција високи потпетици, се разбира ги поседуваат и оние со потпис на Бетси Џонсон. Преубавите и сексапилни високи потпетици се во минималистички стил, украсени само со една панделка, а  Џонсон секогаш умее да го изнесе она по кое ќе се издвојувате од останатите.

Уште еден бренд кој изработува неверојатно добри високи потпетици, е Марио Корти, чиј дизајн ќе ве освои на прв поглед. Боја на старо злато во спој со потпетица изгледа провокативно, а интересниот ремен кој е преплетен ќе ве направи вистинска божица.

Уште едена линија на високи потпетици вреди да се спомене, а тоа е онаа на Џесика Симпсон. Овие високи потпетици се ултра модерни, луксузни и секси. Изработени од кожа, ги има во неколку различни бои и дванаесет сантиметри потпетица.

Секако за да ги имате ќе би треба едно мало богатство чие трошење сигурно ќе ви се исплати пред се поради квалитетот на изработка.

Објавено:
28 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци