Последниот во низата двобои е допишувањето помеѓу модната критичарка на New York Times, Кејти Хорин и новиот креативен директор на Сен Лоран Париз, Хеди Слиман, кој веќе премина во класична сапуница. Поточно тој не ја цени нејзината работа бидејќи во една критичка анализа го нарекла „слаба силуета настаната за потребите на колекцијата Dior Homme”. Всушност целата приказна била започната од страна на Раф Симонс, а бидејќи ништо во модата не се случува само од себе, туку има линеарен контекст, испаднало дека Кејти била апсолутно во право.
На почетокот на есента кога се шушкаше за настанувањето на промените од Ив Сен Лоран во Сен Лоран Париз, како и за камбекот на Хеди Слиман, Кејти не добила покана за учество на неговото шоу. Таа истакнала дека воопшто не била изненадена од потегот на одговорниот за PR оделот во Сен Лоран. Бројни уредници на магазини и портали почнаа да добиваат нападни и-мејлови за смена на логото и името на брендот, а целата ситуација кулминираше кога Слиман на пост на Твитер ја опишал Кејти како „stand up комичарка” и „училишна силеџија”. Хеди Слиман очигледно не бил спремен за големиот број критики кои пристигнале на негова сметка по прикажувањето на колекцијата за сезона пролет – лето 2013 во Париз, па не останал покус и возвратил со негативни коментари. Наскоро по овој скандал цела модна заедница се вклучила во оваа расправа , а последниот збор го имал Francois Pinault, кој само кратко прокомнетирал дека сето тоа му изгледа „смешно” и „непотребно”.
Кејти Хорин не му останала должна ни на Оскар де ла Рента кого го нарекла „хот – дог” на американската мода, па тој упатил јавно писмо во кое се пресметал со сите фанови на модната критичарка.
Италијаните се познати по темпераментот кој знае да ескалира во отворен јавен конфликт, токму како што е случајот со Џорџо Армани и Роберто Кавали. Двата гиганти во борбата за освојувањето на тронот на починатата легенда Џани Версаче, не бираат зборови за пресметка еден со друг. Кога Армани побарал од италијанската модна комора да му ја префрлат ревијата од недела во понеделник (во понеделник бил последниот ден на модната недела во Милано каде Кавали требал да се претстави со својата колекција), Роберто полудел. Тој знаел дека сите уредниците ќе го напуштат Милано и ќе заминат во Париз. Кога се случи тоа, Кавали на службен прес изјавил – „Италијанската модна комора очигледно не сака да му се спротивстави на малиот крал Армани, па поради тоа сите проблеми околу датумот се само мои”. На ова Армани му одговорил – „Подобро би било Кавали да ќути бидејќи малиот крал може да се разлути”. Медиумите пишуваа за овој скандал, а драмата заврши кога неутрални PR агенти со недели дејствувале кон смирување на напнатоста на повеќе начини, меѓу кој бил и оној со испраќање буќет цвеќе кај противникот.
Армани минатата година згазна на живецот на двојката Долче и Габана и Прада чија машка мода ја нарекол „кловновска” и изразил жалење што модните критичари не биле доволно остри во рецензирањето на нивните колекции.
Донатела Версаче не е исклучок од оваа приказна. Таа има голема почит кон Карл Лагерфелд кого го нарекува најголем професионалец во модниот свет, но не е толку наклонета кон Кавали, па во едно интервју изјавила дека не гледа смисла во дизајнирањето на исти колекции кои веќе биле направени од нејзиниот покоен брат, Џани Версаче.
Кралот на сите конфликти и непримерни изјави е Карл Лагерфелд. Неговите коментари ја преминуваат границата на модната сцена, па често знае да влезе во конфликт со пејачи, глумци или пак со англиското кралско семејство. Тешко е да се избројат сите негови изјави поврзани со конкуренцијата , а токму ова е доказ дека Лагерфелд е сеуште на тронското место, ако се земе во предвид слободата на коментирање, која ретко кој ја ужива во модниот свет.
Кој е следен во модниот ринг? Модните дизајнери постојано промовираат нови колекции, а тензиите се секогаш очекувани. Едно нешто е сигурно – следбениците на модните дизајнери сигурно ќе уживаат во нивното константно прекупување преку социјалните мрежи.