Листа на интернет продавници за модни парчиња

26 јули 2013

Еден клик и производ испорачан до вашиот дом. Тоа се бенефициите на новото време. Се почесто купувањето на интернет станува тренд и кај нас, а во светот е пракса одамна. Голем дел од бесконечната интернет платформа е резервирана за онлајн продавниците на големите брендови за облека, модни аксесоари и автентични модни парчиња. Во продолжение еве ја листата на дел од најпопуларните светски онлајн дестинации.

Net-a-porter.com

Една од најпознатите интернет продавници. Женска облека, модни аксесоари, чевли, козметички производи.  Долг спосок на брендови и дизајнерски имиња тука ги нудат своите парчиња  на глобалниот пазар.

 

Мodcloth.com

Винтиџ парчиња, ретро фустани и автентичен накит. Ако се вклопуваат во вашиот стајлинг, тогаш онлајн може тука да пребарувате.

 

Topshop.com

Шопинг дестинација за комплетно да ја наполните кошницата со облека за различни пригоди, аксесоари кои ќе ги искомбинирате со стајлингот и козметички производи од познати брендови.

 

Zappos.com

Ако сакате да заштедите време и да го редуцирате изборот на квалитетни интернет продавници за чевли, тогаш на оваа адреса ќе најдете обувки  во широк дијапазон: од женски летни сандали до машки чизми.

 

Heels.com

Омилените високи потпетици, во различни дизајни, нијанси, со потписот на различни дизајнери и модни брендови, сите нив ги имате спакувано на оваа интернет адреса.

 

Gymboree.com

Детска облека со целата своја имагинативност, шаренило од  дизајни и бои, од спортски секојдневни аутфити до фустанчиња за мали принцези. Покрај другото тука ќе добиете и корисни информации за актуелни попусти и практично пазарување за најмалите.

 

Jomashop.com

Интернет продавница за модни додатоци: машки и женски часовници, различни типови на чанти, очила за сонце, приверзоци, накит, марами. Одлично место за избор на подарок.

 

Etsy.com

Ако сте љубител на рачно изработени модни додатоци, тогаш тука имате квалитетен избор на уникатни дизајни.

 

Објавено:
26 јули 2013
Категорија: 
Стории