Се почесто сме сведоци на нови интернет продавници кои го рационализираат времето на современиот човек, а како последица на тоа се почесто се применува оваа практика.
Hello Shoppers е ново шопинг искуство за сите оние кои го следат текот на новите модни тенденции. Станува збор за интерактивна продавница на која преку вашиот профил на социјалната мрежа фејсбук може директно да создадете нов специјализиран профил во рамките на оваа нова платформа за интернет купување.
Како и кај повеќето интернет продавници, понудата е поделена во различни категории кои вклучуваат: облека, аксесоари, чевли, декоративни елементи, книги, козметички препарати итн.
Разликата е во тоа што, секој кој има свој профил на оваа мреза, може да објавува свои предлог парчиња со линк до конкретната продавница и да го споделува своето позитивно или негативно иксуство со другите членови.