Љубовната легенда за жените и чантите

14 септември 2013

Без разлика на тоа дали станува збор за голема чанта, чанта за на рамо, плик чанта, со крзно, кожена, вечерна или било каква друга, ние немаме предрасуди. Едноставно, ги обожаваме сите до последна!

Како и да е, кога одбираме чанта за нас, ние секогаш се грижиме за тоа истата да е модерна, да може да ги собере нашите основни работи, да ни одговара со повеќе комбинации и да биде удобна и шик.

Секоја година за време на одржувањето на модните недели, се потсетуваме дека не само што чантите се на врвот на листата на модните додатоци, туку и дека тие се совршени мали, или не толку мали, парчиња уметност што целосно го трансформираат нашиот изглед.

Но, од каде всушност се роди љубовта на жените кон чантите? Кој за прв пат не запозна со овие совршени и неопходни додатоци?

Легендата за чантите вели дека нивните почетоци датираат уште од античко време, кога тие биле повеќе симболи отколку модни додатоци. Во тоа време, свадбените чанти се полнеле со пари и им биле подарувани на младенците како порака до жената побрзо да забремени.

Уште во тоа време, чантите биле поврзувани со жените, женственоста и сексуалноста. Зигмунд Фројд во неговата Interpretation of Dreams пишува дека чантата е симбол на жената и дека ставањето нешто внатре го претставува самиот чин на сексуален однос.

Кога околу 1800 на светот му беа презентирани новите начини на транспорт, почна и ерата на модерните чанти и куфери за патување.

Еден француски џентлмен по името Луис Витон во 1854 ја увидел можноста да почне да креира куфери за патување со неговиот печат. Жените биле воодушевени од овој човек, па веднаш почнале да бараат и помали чанти кои би можеле да ги носат со себе.

За да ја задоволат оваа нивна потреба, компаниите како Гучи, Прада, Луис Витон и Хермес веднаш почнале да произведуваат разни видови на чанти. И така, се родила дизајнерската чанта!

Оттогаш па наваму жените станаа буквално луди по чантите. Обожуваат да ги носат во сите големини, во сите бои и материјали и едноставно уживаат во нивното постоење.

Признајте! Па не минува ниту еден ден без погледот да ви го украде некоја прекрасна чанта во продавниците покрај кои минувате на патот кон дома!

Една од најмоќните жени во светот Хилари Клинтон неодамна изјави дека никој не треба да се потсмева со изборот на чанти на другите жени.

„Мислам дека модните додатоци ги обединуваат жените. Чантите за мене се еден вид на психолошка потреба, желба работите постојано да ми бидат организирани. Имам една розова чанта од Ферагамо што едноставно ја обожувам. Велат дека розовата е за во пролет, но јас ја носам и во Јануари. Па како една жена може да е несреќна ако носи розова чанта?“

Погледнете го нашиот избор на супер шик чанти за оваа сезона и во истиов момент, заминете да си купите една за себе!

Објавено:
14 септември 2013
Категорија: 
Стории