Моделите постари од 60 години се сѐ побарани во модната индустрија!

14 јули 2014

Паулина Хоуард ви се чини позната!? Па, тоа и воопшто не е чудно со оглед на тоа што сѐ почесто можеме да ја видиме на билбордите за различни британски производи, но и на луксузните крстарења низ светот на кои таа постојано рекламира различни парчиња од брендови ширум светот. Ова воопшто и немаше да биде чудно и малку поинакво, доколку Паулина немаше 69 години!

Пем Лукас Пем Лукас

Без разлика на нејзините години, оваа прекрасна Британка е модел и тоа доста добар и неверојатно ангажиран. Досега, таа се има појавено во голем број реклами и билборди за различни брендови кои сакаат постари жени да ги рекламираат нивните производи.

Со нејзината одлична фигура и на 69 години и свилената руса коса и солидната висина, воопшто и не е чудо што таа е постојано ангажирана од различни брендови. Иако таа и самата е свесна дека повеќето жени на нејзина возраст се откажуваат од работењето и му се посветуваат целосно на домот, таа вели дека конечно нашла работа што ја исполнува и истата ќе ја работи сѐ додека е способна за тоа.

Нејзината неверојатна мотивираност и огромна инспиративност ја споделуваат и други жени кои што ја работат истата работа и како и Паулина, имаат повеќе од 60 години.

По децении игнорирање од модните брендови и маркетинг индустријата, побарувачката за овие прекрасни модели над 60 години неверојатно се зголемува од ден на ден.

Моделите како Кармен Дел Орефиче (83) и Дафне Селф (85) чиј белег се долгите, природни, сребрени и луксузни коси, кои се појавија во кампањи за Долче и Габана и Тиери Муглер, се вистинска инспирација за сите останати жени над 60 години кои сакаат да станат модели.

„Јас на кратко бев модел додека бев помлада, но морав да се откажам кога ми се родија децата. Кон средината на моите 40 – ти, кога децата ми пораснаа, решив да контактирам агент. Се прашував дали ќе бидат заинтересирани за мене со оглед на моите години. За кратко, тие почнаа да ме праќаат на кастинзи и така се случи сѐ“, вели Паулина.

Дека побарувачката за модели во поодминати години дефинитивно расте, покажува и сѐ поголемиот број на ангажирани жени над 60 од страна на модните агенции.

Една од нив е и Пем Лукас, 65, од Јужен Лондон. Со нејзината тенка фигура, долгата прекрасна коса и строгото лице, таа била дел од неколку едиторијали за Вог.

„Сакав да бидам модел кога бев тинејџер, но мајка ми наместо тоа, ме прати на Универзитет. Студирав англиски и француски јазик, но откако ми се роди детето, морав да работам само привремени работи за да го чувам. Кога порасна, почнав да работам во една волонтерска организација каде мојот шеф беше адвокат кој пак работеше за една модна агенција. Тој постојано ми велеше дека морам да бидам модел, па еден ден отидов на кастинг и тие ме најмија за една реклама“, вели Пем.

Таа додава дека тоа не го прави за пари. Најдобриот дел според неа е тоа што може да ги охрабрува сите жени на светот и да им биде вистински пример.

„Многу жени ми велат дека е супер тоа што го правам и им покажувам на постарите жени дека немаат од што да се срамат и да се кријат“, вели Пем.

65 – годишната Кели Ен Пејџ од Лондон, работи како модел веќе цела деценија. Таа нема сопруг, но има едно дете и внук.

„Ова е моето време за авантури. Нема ништо повозбудливо од аудиции, иако денеска има многу голема конкуренција. Секогаш се радувам на бонусите што ги добивам, а истите секогаш сакам да ги потрошам на себе“, вели Кели Ен.

Веруваме дека овие прекрасни жени беа доволно инспиративни за да конечно и вие почнете да се занимавате со нешто што го посакувате целиот ваш живот, а за што досега, поради различни причини, не сте биле во можност да го направите!

Твиги - вечна модна инспирација! Твиги - вечна модна инспирација!

Објавено:
14 јули 2014
Категорија: 
Стории