Паулина Поризкова (58), во црна долна облека и чизми

10 март 2023

Прекрасната Паулина, која во 80-те беше еден од најбараните топ модели, повторно воодушевува со својот изглед.

Поризкова, која за еден месец ќе наполни 58 години, на својот Инстаграм профил објави фотографија каде што позира во долна облека и чизми.

Поранешниот супермодел стои покрај каминот во својата дневна соба, а на себе покрај црна долна облека, носи и црвен плетен џемпер што го направила самата.

Со ова Паулина уште еднаш испраќа силна порака за прифаќање на стареењето и вели дека е горда баба на пет внучиња.

Таа постојано ги инспирира жените преку разни фотографии и мотивирачки цитати да се прифатат себе си какви што се.

Објавено:
10 март 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
486 пати