Најдобро „облечените“ модни писти на светските модни куќи

18 јули 2013

Секоја сезона еминентните дизајнерски имиња од светската модна сцена имаат можност на најдобар начин да ја презентираат својата последна колекција. Но, секоја сезона тие се даваат комплетно во целоснта реализација, како за креациите така и за оригиналноста на сценографијата на писта по која ќе се разликуваат од останатата конкуренција. Исто колку што презентираната облека има влијание на публиката, дополнително позитивна и импресионирачка  перцепција се добива од оригиналноста на изгледот на пистата. Оттука, сите оние што добро ја познаваат и следат модата знаат на чија ревија може да очекуваат необичен и имагинативен моден сет. Често се поставува прашањето : дали претставувањето на една колекција е извадок од некој филм или бајка, дали е модно шоу или театарска претстава? Меѓу најпознатите креативци кон овој поглед се одговорните во модната куќа Шанел каде под раководството на Карл Лагерфелд се ангажираат едни од најпознатите архитекти.

Во колекцијата за сезоната есен-зима 2012/13 главна тема се кристалите, како на облеката така и на пистата која изгледаше како широка сцена на која се наоѓа лавиринт од огромни кристали Во колекцијата за сезоната есен-зима 2012/13 главна тема се кристалите, како на облеката така и на пистата која изгледаше како широка сцена на која се наоѓа лавиринт од огромни кристали

 

Дури во некои од случаите, компании  за изработка на мебел склучуваат договори  преку кои  дизајнираат специјално изработен мебел кој ќе соодветствува со темата на колекцијата, а со тоа си  добиваат престижна реклама во иста мера  како и презентираната облека.

Прада со специјално дизајниран мебел Прада со специјално дизајниран мебел

Едно е јасно, дека најмногу  на ревиите од висока мода може да се видат вакви необични модни сценографии кои се исто толку луксузни како и колекциите. Во продолжение Fashionel го насочува фокусот кон едни од највпечатливите и необични модни сетови од пистите на модните куќи и дизајнери каде водечкото место го има Шанел.

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Стории