Ресите се колективниот тренд што ги обедини Њујорк, Лондон, Париз и Милано

1 октомври 2014

Правејќи „обиколка“ буквално низ сите колекции прикажани на модните недели во Њујорк, Лондон, Милано и Париз ја пронајдовме мултициплираната инспирација на плејада дизајнери што ги презентираа своите креативни решенија за следната пролет-лето сезона од 2015 година. Дефинитивно за шармот од сите колекции придонесоа ресите, кои од многуте креации имаа различна декоративна улога. Со оглед на тоа дека тие низ историјата укажуваат на висок општествен статус, гламур и отменост, во денешната светска мода истите беа имплементирани во креации што се наменети за опшутенити изгледи.

Иако сите модни метрополи од агендата на модната недела имаа помалку или повеќе  реномирани дизајнерски имиња и брендови како учесници, кај оние што се претставија во Милано фокусот кон ресите беше најброен. Па така ги видовме аплицирани на чанти, здолништа, фустани и блузи. Автоматски ресите се синоним и асоцијација за боемски стил кој во целост очекувано беше интерпретиран од ревиjaтa на Етро каде погледнавме армија во „униформи“ со реси.

Еtro Еtro

На изненадвување ресите изработени од разни такстури во секој поглед изгледаа „разиграно“ и неодоливо дури и онаму каде во никој случај не ги очекувавме од сензибилиетот на колекцијата на писта. Резимето би одело во таа насока што оние поискусните модни венетани јасно знаат да го одредат вистинското време за  универзано обожаван тренд, кој можеби само на малкумина не им е омилен, со оглед на тоа дека уште од 2010 година  ресите почнаа активно да се провлекуваат како од колекциите така и од уличната мода, но по се изгледа кулминацијата ќе ја имаат во 2015-та година.

Дека тоа е така, може да се потврди со аргументите на оние поискусните во модната индустрија кои се добро потковани за трендовите што ги диктираат за разлика од новите и млади надежни дизајнери, кои многу помалку насетија дека акцентот ќе биде ставен на ресите.

Долче и Габана Долче и Габана

Isabel Marant Isabel Marant

Giorgio Armani Giorgio Armani

 

 

Кога модната сцена од Њујорк, Лондон, Милано и Париз толку сигурно им пристапи на ресите, не требаше да помине време за истите да ги видиме и од уличната мода како и од првите редови. Доколку досега не ви се допаѓаа, веруваме дека откако ќе ја погледнете обемната галерија во продолжение ќе видите некое парче што ќе ве натера инстантно да ги посакате.

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Стории