Флуид на енергија, хармонија на традицијата и модерното, бескрајни шопинг улици и улични изгледи кои оставаат без коментар. Водичот за шопинг во Токио натежнува од големиот избор на брендови, тематски поделени шопинг области кои варираат помеѓу луксузни кутур изложбени салони и продавници со последните технолошки трендови.
Shinjuku-Една од најголемите области во Токио за шопинг и забава
Лоцирана во околината на најголемата транспортна станица во светот Shinjuku и најпрометната железничка станица, оваа динамична шопинг област нема работни часови. Тука се лоцирани стотици брендирани продавници и најголемите јапонски електонски компании по должината на гласните улици и подземните трговски квартови.
Shibuya– Центар на младешката мода
Ова е местото на зародишот на голем дел од младешките јапонски модни трендови. Тука се лоцирани и познатите трендовски продажни салони како оној на Shibuya 109, но и стотици помали модни продавници.
Harajuku– Висока мода V.S тинејџерски трендови
Двојното лице на оваа позната шопинг област во Токио е дефиниран преку две паралелни улици, секоја со посебен карактер. Omotesando или јапонските Елисејски полиња, е авенија богата со брендирани продавници и култни места за утринско кафе.
Паралелно ја следи улицата Takeshita Dori која пак тематски е посветена на помладата популација со богата понуда на бутици и забавни паркови.
Tokyo Solamachi– Шопинг комплекс
Отворен пред повеќе од една година, а веќе е на картата на највлијателните шопинг центри.
Tokyo Solamachi е возбудлив шопинг комплекс со повеќе од 300 бутици, ресторани и уникатни продавници за сувенири.