Совршената убавина-мит или реалност

23 август 2013

Совршената убавина претставува мит од кој уметниците црпат инспирација, а филозофите сомнежи. И токму поради фактот што е дефинирана како мит останува постојана.

 

 

Ако е вистина како што отсекогаш се велело дека совршената убавина не постои и дека убаво е она што на прв поглед ни се допаѓа, со текот на времето, дел од оние поубавите, или „она“ кое се сметало за убаво се здобиле со победа, наметнувајќи се над другите. Платон бил толку убеден во објективната убавина што констатирал дека субјективната не постои. Во делото „Simposio“, наведува дека всушност константната потрага и желба да се открие убавината е мотивот кој го тера човекот да ги надмине и сопствените граници и ограничувања, само за да ја постигне крајната дестинација.

 

Синди Крафорд

 

Како да се најде совршената убавина, тогаш?

Во хармонијата на голата Венера или во срамежливата насмевка на Џоконда или во дантеовата  Беатриче? Многумина си создаваат илузии дека таа опсесија на совршената убавина е поврзана со идеалите на едно време кое во спој со ова денешново, градат мост од милиони слики, зборови и чувства, за тоа каде е, каква е, и дали воопшто постои совршената убавина?Гоген

 

 

Реално, човекот отсекогаш ја барал, ама дали ја нашол и каква е....  Модиљани ја уловил во долгите вратови на аристократските жени. Ботеро ја нашол во претопувањето на форми, облици и ликови. Гоген во егзотичните бои на Полинезија.  Сите ја имаат раскажано и видено на свој сопствен начин, низ призмата на различни вкусови и визии, бидејќи во основата на платонскиот процес е совршената убавина да се доведе до степен на постојана мутација и затоа во суштината на нејзината легенда е таа никогаш да не биде пронајдена и дефинирана.

 

Грета Гарбо

 

Станува контрадикторна на самата себе. Во минатото тенот на кожата правел луѓето меѓу себе да се разликуваат. Оние со блед и бел тен се аристократи, а оние со потемен се работници. Затоа Клеопатра се бањаше во купки од козјо млеко, а француските благородници си ги пудреа лицата со бел прав. Денес пак имаме сосема друга ситуација, потемнетата кожа е симбол на физичка и економска благосостојба. Колку убавината ќе биде понедостижна за масата луѓе до толку повеќе ќе ја идеализираат. Во 30-тите години Грета Гарбо и Марлен Дитрих промовираа храбра и моќна женственост. Ослободена од стегите на жиците од корсетите, жената треба да носи модели на панталони, палта и блузи со нежни линии. По Втората Светска војна Мерилин Монро воспоставува хармоничен баланс помеѓу невиноста и заводливоста, со својата руса коса, заоблени линии на телото и совршено извајани усни, а со тоа успеа да ја трасира новата дефиниција за тоа што претставува совршената убавина. Потоа Мери Квант го измисли мини здолништето, а убавината прерасна во масовен феномен кој почива на вредностите и линии кои ги има женската силуета. А со доаѓањето на Џејн Фонда на сцената визијата за совршената убавина преку призмата на физичкиот изглед се надгради, па така женските облини станаа затегнати, а рацете и нозете добро тонирани и мускулести. Во 80-тите години совршената убавина прераснува во аристократски мит кој го има ликот на Лејди Дијана, принцезата од народот, за народот и со народот, а сепак недостижна за истиот. Синди Крафорд и Наоми Кемпбел во 90-тите ја промовираа голата елеганција кај жената која освојува облечена во машки костим, со сите свои мани и предности. Благодарение на андрогениот правец, потрагата за совршената убавина скршна во сосема друга  насока. Во фокусот ги стави мажите и нивните карактеристики, црти и однесување.

 

Марлон Брандо

 

Како изгледа совршено убав маж?

Ако почнеме од згодниот Ричард Гир, па си дозволиме да бидеме заведени од неверојатниот шарм на Марлон Брандо и Џејмс Дин кои и денес важат за пример на модни икони и мажи кои со својата убавина излуделе и украле многу женски срца ширум светот, логично е да завршиме со секси екс-фудбалерот Дејвид Бекам, кој промовираше метросексуалност и многупати досега преку своите кампањи на Армани каде е скоро гол ги задоволуваше женските апетити на многу жени и девојки.

 

Никол Кидман

 

Но кој од погоре споменатите ја крие тајната за совршената убавина???

Доколку имате финансиски можности, новите откритија на науката во поглед на естетската и козметичката хирургија, денес ќе ви овозможат да ги прикриете сопствените недостатоци, а вие ќе можете да го имате совршениот нос на Никол Кидман, сочните усни на Анџелина Џоли, совршено обликуваните веѓи на Џенифер Лопез, рамниот стомак на Мајли Сајрус или градите на Кармен Електра. Убавината е недостижна, таа има постојана потреба да мутира, да се менува и затоа станува мит по кој сите трагаме, но никако и никогаш нема да го пронајдеме.

 

Џенифер Лопез

 

 

 

 

Објавено:
23 август 2013
Категорија: 
Стории