Топ 10 најскапи модни брендови за 2013 година

18 јули 2013

Освен тоа што се многу популарни, нивните цени дикрираат кој се може да си ги дозволи, а тоа се добро ситуираните или богати луѓе кои можат да го купат тој ексклузивитет. Имињата на овие скапи брендови им се добро познати на сите, а она што е заедничко за нив кај луѓето, е тоа што не се лесно достапни за длабочината на џебот.  Од еден популарен американски  моден магазин направиле интересно истражување во кое  класифицирале од 1 до 10 кои се најскапи брендови за 2013 година.

1.Гучи

Познатиот италијански моден бренд по се изгледа е најскапиот во светот. Облеката што ја дизајнираат е наменета за мажи и жени и се смета дека Гучи имаат најлуксузни и модерни парчиња.

2.Шанел

Ова е бренд што најчесто го носат познатите и богатите. Секогаш со препознатлива линија, Шанел е популарен кај помладата богата генерација.

3.Прада

Брендот е познат по своите аутлети ширум светот и е подостапен од останатите брендови. Освен преку парчињата облека Прада е позната и по скапите парфеми.

4.Армани

Италијанскиот бренд за мажи, жени и деца спаѓа меѓу најскапите, а едни од најчестите клиенти расположени да платат добра сума се повторно славните личнисти.

5.Марк Џејкобс

И креациите на дизајнерот Џејкобс се сместени во категоријата на скапи парчиња. Освен облеката висока цена имаат и неговите чанти и чевли.

6.Диор

Популарни насекаде низ светот, Диор се познати како гламурозни, елегантни и престижни. Козметичката линија производи исто така претставува престиж за некои луѓе додека за други само секојденевие.

7.Гес

Американскиот бренд според истражувањата ја има 7-та позиција. Гес започна со продажба во маркети низ Америка и оттогаш нивната облека  има успешна експанзија во модниот свет.

8.Фенди

Своите почетоци ги имаат во 1925 година како модна куќа на Едуардо и Адел Фенди, кои се најпознати по чантата „Baguette“ која до ден денес има голама побарувачка.

9.Версаче

Оваа италијанска модна куќа е формирана од Џани Версаче во 1978 година. Денес, добро позната на сите, поседува луксузна облека, аксесоари и шминка.

10.Валентин

Овој креативен и модерен дизајн прави секоја жена да се заљуби. Нивниот приоритет е да бидат што подостапни за обожавателите ширум светот.

Објавено:
18 јули 2013
Категорија: 
Стории