Одбележан Националниот ден на шапките
•
16 јануари 2015
Светските метрополи го одбележаа 15-ти јануари -Националниот ден на шапките. При тоа странските медиуми објавија разни предлози за декорирање на вашиот надворешен изглед токму преку изборот на овој моден додаток. Зимските услови и онака наложуваат изгледот секогаш да го комплетираме со шал, ракавици и капа, па така овој пат ќе понудиме седум стилски предлози со шапки во различни форми и дизајни, доколку тие се вашиот задолжителен избор при комбинирање на изгледот.