Пред неколку дена, британската дизајнерка Стела Мекартни ја промовираше новата рекламна кампања, во која главната улога и ја даде на својата руска миленичка моделот Наталија Водјанова. И покрај фактот што смета дека модата е старомодна и предвидлива материја, сепак Мекартни веќе долг низ години успешно се бори на модната арена и сосема заслужено се наоѓа на врвот на најдобрите дизајнери на денешницата.
Деновиве своите обожавателки реши да ги израдува со лансирање на новата линија модни додатоци кои се дел од пред – есенската колекција за 2015 – та година. Новите модели на чанти, чевли, сандали, кломпи и накит се олицетворение на британскиот ексцентричен стил и има недостаток на впечатливи бои. Креаторката се одлучила фокусот да биде во знакот на земјените нијанси, необичните закривени геометриски форми на потпетиците со особен акцент на леопардовиот принт и металик сребрените патики со апликации на ѕвезди. Накитот комплетно се разликува од модните додатоци бидејќи градира од мошне едноставен, до гламурозен и раскошен.