Ќерка на познат тенисер зачекори на писта

22 јануари 2015

Модниот свет доби уште едно ново име. Се работи за ќерката на поранешниот тенисер Борис Бекер и манекенката Ангела Ермакова – Ана Ермаковa. Четиринаесетгодишното девојче го оствари своето модно деби на модната недела во Берлин, која заврши вчера.

Ана беше дел од модната ревија на дизајнерот Риани, а носеше металин сив фустан.

Желбата да се занимава со манекенство била голема, а родителите не ѝ стоеле на патот, бидејќи како вели „била добра на училиште“.

-Ми се оствари сонот. Сите мои другарки сонуваат за ваква шанса. Свесна сум дека името на татко ми ми отвори многу врати, но не можам поради тоа себеси да се направам  непозната  – изјави Ана откако ја доби шансата да ја отвори и затвори ревијата на Риани.

Бекер ѝ беше поддршка, а не ја пропушти можноста по завршетокот на ревијата на Твитер да напише колку е горд на својата ќерка.

Инаку, некогашниот најдобар светски теснисер, на почетокот негираше дека Ана е негова ќерка, но во 2001 година сепак призна.

Борис и Ангела Борис и Ангела

Погледнете како изгледа оваа млада надеж во модниот свет:

Објавено:
22 јануари 2015
Категорија: 
Сцена