Елена Трајановска во кулминативна улога за македонски бренд

6 октомври 2014

Една од најдобрите македонски манекенки која е на вистинскиот пат до светската слава, Елена Трајановска, неодамна имавме можност да ја видиме и на ревија на македонски бренд. Убавата манекенка за чии успеси и ангажмани за реномирани светски брендови често ве информираме, овој пат своето искуство од  пистите на модните метрополи  го покажа и во  кулминативна улога за ревијата „ELigion“ на македонската модна куќа Елена Лука.

Спектакуларниот моден перформанс го отвори токму Елена презентирајќи сексапилен црн коктел фустан со драматична наметка, а потоа се појави во сензуална и отмена бела бунда од еко-крзно од чија шапка  ѕиркаше мистичниот поглед на манекенката.

Како почетокот, така и завршетокот од ревијата припадна на Елена, која за крај од големото шоу на себе имаше лелеава и романтична венчаница, дополнително украсена со впечатлива капа која беше во фокусот од комплетната модна презентација.

Објавено:
6 октомври 2014
Категорија: 
Сцена