Авангардна, драматична, автентична и надвор од просторот и времето – овие неколку зборови беа најчестите што можевме да ги слушнеме од пријателите и вљубеници во работата на модниот бренд Елена Лука што вчеравечер нè почести со фантастичен моден перформанс и ревија под наслов „ELigion“ на сцената на Македонскиот народен театар.
Сосема воодушевени, гостите по ревијата го исполнија амбиентот на фоајето на МНТ со нивните фасцинантни импресии за кои веродостоен доказ беше широката насмевка и сјајот во очите кога пред вас ќе се појави нешто сосема ново, поинакво и тотално драматично. Меѓу нивните омилени моменти дефинитивно беше сокриениот идентитет кај повеќето од моделите со беспрекорно скроените крзнени капи, модните додатоци, футуристичкиот феномен кај креациите, но најмногу – одличниот спој на модата и уметноста прераскажан преку феноменот наречен театар!
Ниту една ревија на Елена Лука не може да помине без нејзиното заштитно лице, секогаш шармантната водителка, Лила Стојановска. Таа за Fashionel, ги сподели своите први впечатоци од колекцијата.
-Моите импресии велат дека веднаш треба да одам зад сцената и да си ги земам омилените парчиња за да не го стори тоа некој пред мене. Неколку бунди, прекрасниот бел фустан со цветен принт, кожените хеланки и уште многу такви прачиња и секако пар чизми и чанта... Уникатносата и оригиналнста се секогаш до Елена Лука и никаде на друго место, а воедно тоа е комплимент за било кого, па и за мојата Елена Лука.
Одличната работа на Елена Лука и тимот на брендот, го проследија и дел од колегите дизајнери. Меѓу присутните беа и Тања Кокев, Антонија Ристоска, Ненад Секирарски, Изет Цури, како и Јана Манева Чупоска и младиот Роберт Ивановски, Златко Јовановски...
- Интересно одбран простор, интересно раскажана приказна. Секогаш она што се очекува од Елена Лука да внесе драма и овој пат беше постигнато. Убава легија на манекени, ми се допадна стајлингот преку кој беше сокриен идентитетот на девојката. Тоа е нешто ново и луѓето можат повеќе да се фокусираат на она што треба да се презентира преку колекцијата. Посмирено, поостро и појако од она што претходно сум имал прилика да го видам. Многу ми се допаднаа чизмите. Работам повеќе на фустани, можеби сум станал имун на тој дел, така што модните додатоци ми се секогаш интересни и сакам да видам кога моите колеги ќе изработат нешто интересно, како што беше случај сега. Тоа беше нешто ново и свежо – потенцира Секирарски.
Јана Манева Чупоска пак, истакна на неколку клучни точки поради кои оваа куќа може да се нарече бренд.
- Мене ми е драго што Елена Лука е една од ретките дизајнери кај нас што иницира на македонски бренд. Тоа е многу значајно и тоа е првата честитка што ќе ѝ ја упатам како дизајнер. Јас ја почитувам работата на Елена Лука од многу одамна од повеќе причини. Нејзината работа е секогаш тимска и вклучува повеќе дизајнери, што е мошне ретко денес. Елена има апсолутно менаџерски сенс, што е многу значајно за дизајнерите. Оваа куќа прераснува во сериозен македонски бренд и знам дека има квалитет што може да го покажеме и во пошироки рамки. Има континуитет, секогаш има голем број на модели, што е многу важно и што го потврдува професионалниот став. Не е само мини колекција, од пет-шест модели, колку само да се претставиме Кај Елена тоа е секогаш убаво разработена тема. Јас ELigion ја преведувам како некоја нова, контроверзна религија, борба помеѓу доброто и злото, помеѓу сите симболи на црно и бело. Најмногу ми се допаднаа модните детали, особено експериментот со капите, кога всушност се прашувате дали се капи или коса. Одличен обид да се спои тоа во едно. Убава колекција што е блиска и до мојот сензибилитет. Ми се допаѓа што е монохроматска со доминација на црно и бело и со неколку акценти како што е златната ... Во принцип, како лична естетика ги преферирам монохроматски колекции. И посакувам сè најдобро на Елена, мислам дека е пример за сите нас, да издржи во ова тешко време, затоа што знаеме дека не е лесно денес да се создаде ваква колекција, со оволкав број на модели и особено ѝ честитам на професионалноста и квалитетната изработка.
Меѓу присутните беа и препознатливите ТВ лица, Билјана Дебарлиева и Татјана Стојановска.
-Ова што го видовме вечерва беше навистина прекрасно, а можеби и не го очекував од Елена Лука, меѓутоа таа секогаш знае да изненади со вистинско модно шоу. Мислам дека во колекцијата можеа да се пронајдат повеќе возрасти бидејќи сите парчиња имаа посебен шарм и приказна за себе. Ми останаа многу креации во сеќавање, со сигурност знам дека многу млади девојки ќе се пронајдат во парчињата, ама ќе има и за нас повозрасните. Уникатноста е препознатливиот знак на Елена Лука, исто како и венчаниците. А и самата жена е уникатна, не дека ова морам да го кажам, туку едноставно од едно „Здраво“ и „Добредојде во салонот“ ја чувствувате енергијата и знаете дека сте на свој, домашен терен – вели Дебарлиева.
Секогаш прекрасната Татјана Стојановска носеше долга тоалета од една од минатите колекции на брендот, а овој пат истакна, дека меѓу фаворитите ѝ се крзнените парчиња од новата ELigion колекција.
-Навистина сум фасцинирана од она што имавме можност да го видиме. Интересни парчиња, особено ме воодушевија мантилите, јакните, бундите, сè она што беше изработено од кожа и претпоставувам вештачко крзно. Видовме нешто поинакво, а и перформансот преку кој беа претставени овие модели беше оригинален, што е својствено за Елена Лука. Тие секогаш имаат креации што никаде не можат да се видат, оригинални се во однос на кројот и квалитетните материјали.
Дел од одличната атмосфера на модниот перформанс на Елена Лука беше и шармантниот Маид Хечимовиќ од шоуто Икс Фактор, кој посочи дека иако за прв пат се запознава со работата на брендот, тој е апсолутно фасциниран!
- Ревијата беше одлична! Тука дојдов со мојата девојка и морам да признаам дека сум многу пријатно изненаден. Ова беше нешто на светско ниво, сите модели беа одлични, па верувам дека може нешто да купам за својата девојка. Нејзиното омилено парче дефинитивно и беше онаа црната бунда со качулка. Морам да признаам дека не ја познавав Елена Лука од претходно, за жал, но сега ветувам дека сѐ ќе надоместам!
Секогаш енергичната и уникатна Вера Јанковиќ уште еднаш ја искажа љубовта кон брендот, потенцирајќи дека колекцијата ELigion е врвот од брендот досега.
-Елена Лука веќе ја знаат во светот, но и таа успеа да го донесе светот овде. Ова е висока мода, животен стил на жената што веќе се спознала и пронашла себе си. Милам дека ова е врвот од Елена Лука и ќе продолжи да биде на тоа место. Мене посебно ме радува што на претстојниот Скопски фестивал ќе носам креација токму од новата колекција бидејќи тоа сум јас. Преведено од моја гледана точка се течеше како надвор од просторот на времето, но сепак тука споделувајќи еден современ моден проекет – ни откри Вера.
Помеѓу соработниците и пријателите на Елена Лука беше и Васка Леонтич која фасцинирана од колекцијата, посочи дека најголемо внимание и почит ѝ предизвикале крзнените капи кај девојките.
-Јас од сите ревии на Елена Лука сум со страшни импресии, бидејќи секогаш изненадува, никогаш не се повторува со исти идеи. Значи севкупно, амбиентот, креациите, имиџот на девојките и воопшто, секогаш е во многу добро издание, меѓутоа овој пат сум многу позитивно изненадена од сите креации! Имам неколку омилени парчиња, како од спортските варијанти, така и од свечените тоалети. Мене особено ме воодушевија и фризурите на девојките, односно периките или крзнените капи што ги носеа, кои беа во еден сосема поинаков, неверојатен стил. Многу ѝ благодарам што конечно нешто се промени, што нешто европско се внесе тука, бидејќи не секогаш можеме да направиме од косата на девојките нешто автентично и авангардно како што тоа го видовме тука вечерва. Можам да кажам дека таа секогаш е многу своја и оригинална, секогаш е интересна да се гледа, бидејќи секогаш има нови идеи.
Леонора Пољоска е една од соработниците од странство, што не ја пропушти можноста да ја види и најновата колекција:
-Да ви кажам искрено, многу бев изненадена, бидејќи навикната сум на еден поинаков стил, но сето ова вечерва беше како нешто „out of space“, нешто сосема футуристичко! Морам да кажам дека сѐ ми делуваше светски, како да сум на некоја ревија во странство. Веќе имам и неколку фаворити, од кои повеќето се од крзнените парчиња, односно бундите. Кога ќе се спомене зборот Елена Лука, прво секогаш ми текнува на зборот раскош и мешавина со нешто урбано!
Младиот водител Жарко Димитриоски призна дека за првпат присуствува на модна ревија, па е пријатно изненаден од она што го понуди оваа дизајнерска куќа:
-Првпат сум на ревија и можам да кажам дека ми се допадна многу. Особено впечаток ми остави почетокот на ревијата. Многу ми е драго што вакви работи се случуваат во градот и треба само да напредуваме. Браво за Елена!
Долгогодишните соработнички на оваа модна куќа Ведрана Ѓорѓевиќ и Ели Танасковска, исто така беа дел од гостите што ги споделија своите впечатоци со нас.
-Со еден збор светски. Досега сум следела многу ревии на нашите дизајнери, дури и сум била дел од нив, но морам да истакнам дека оваа е според светски стандарди. Елена Лука е секогаш оригинална, професионална и секогаш различна. Еве и вечерва сум во нивна креација, а соработката ни трае веќе четири години, па се надевам и ќе продолжи, бидејќи буквално се пронаоѓам во речиси секоја колекција на овој бренд – изјави Ведрана.
- Одлична колекција! Начинот на кој што беше претставена беше динамичен и постојано нѐ држеше во неизвесност околу тоа што следи понатаму. Како макар за кратко сите да не однесе во нов свет, во светот на Елена Лука. Првото нешто што ми паѓа на ум кога ќе го изговорите ова име е авангарда. Таа е прва во многу нешта, а понатаму, другите само ја следат – рече Танасковска.
Дизајнерот Изет Цури не го криеше задоволството што настани од ваков карактер и ранг конечно се случуваат и кај нас.
-Знаете, првин, да се создаде таква ревија подразбира огромен труд и работа, а второ многу сум среќен што почнувам да гледам вакви работи во Скопје. Има таленти што работеле и тоа е одлично.
Модното дуо Светлана и Мики Црнокрак секогаш се присутни на модните случувања кај нас, а ниту овој не беше исклучок. Еве како тие ја видоа вчерашната ревија.
-Како и секоја ревија останувам без здив, без коментар, во позитивна смисла. Елена секогаш знае да воодушеви со своите креации. И овој пат видовме колекција за сезоната есен – зима која беше од светски стандарди. Честитки до Елена, нека продолжи да реди успеси и честитки до сите дизајнери задолжени за создавање на оваа колекција. На честитките се надоврза и нејзиниот сопруг Мики, кој посочи дека уживал во целосната и сосема поинаква модна приказна презентирана на нашите простори.
Снежана Лупевска Созен не криеше дека е позитивно изненадена од она што имаше можност да го види.
- Не дека не очекував вакво нешто од Елена Лука, таа е секогаш посебна. Овој пат е многу оригинална, не само поради театарот и поради сцената, туку целиот концепт, понуди нешто навистина различно, модерно и тренди. Навистина сум воодушевена и мислам дека одлично ќе помине оваа колекција и кај публиката. Токму затоа ги поканувам сите, најмногу младите да ги посетат продажните салони на Елена Лука и сигурна сум дека ќе го пронајдат своето омилено парче, а секако за повозрасните тука се прекрасните вечерни тоалети. Јас правев емисија за Елена Лука, за една успешна деловна жена и ненадминат менаџер, а што се однесува до модата, таа е секогаш оригинална.
Весна Петрушевска уживаше во модниот перформанс во присуство на ќеркичката Мина, а на крајот не го криеше воодушевувањето од ревијата.
- Сметам дека ова е еден културолошки феномен затоа што прво се одржува во еден театарски простор. Со самото тоа што се одржува на сцена не очекуваме ревија конвенционална, туку очекувам емоција и очекувам перформанс. Моите очекувања ми се исполнија и мислам дека приказната која што ја плете ELigion ќе се раскажува. Во однос на деталите најголем впечаток ми остави употребата на вештачко крзно, чантите кои што слушнав дека се позлатени и чизмите. Елена Лука има една среќа, затоа што ја има Елена како фронтмен и тој целиот дизајнерски тим треба да е прилично среќен затоа што имаат неограничена доза на ресурси кои можат да ги искористат и да си играат со својата креативност. Она што е најзначајно за Елена Лука е тоа што во целата оваа папазјанија од нашиот живот таа се обидува да воведе ред како треба да изгледа ревија колку модели треба да видиме на сцена, тие како идентитет на Елена Лука да прошетаат и да не убедат во нејзината приказна практично во религијата на Елена Лука.
Водителките Ирена Спировска и Миланка Рашиќ секогаш можеме да ги видиме на модните настани кај нас, и не кријат дека се љубителки на модата, а така беше и овој пат.
-Првата и главна импресија ми е како да присуствував на некоја светска модна ревија. Секоја чест на Елена Лука. На оваа модна ревија за сезоната есен-зима покажа една нова Елена Лука и еден нов стил кој особено ќе биде атрактивен за младите дами и жени кои држат до себе и сакаат авангардна мода. Сè на сè навистина одлична ревија, одлично модно шоу во кое сите уживавме. Во однос на деталите видовме прекрасни фустани, прекрасни стајлинзи, многу ми се допадна што манекенките беа „обезличени“, па доминантни беа креациите. Најмногу ми се допаднаа доминантната црна кожа што ја видов и особено комбинацијата на црно со златно.Печатот по кој што досега ја препознававме Елена Лука беше една висока елеганција и женственост на моделите, а сега на таа дефиниција мора да се додаде и авангардност – објаснува Ирена.
-Кога станува збор за Елена Лука секогаш е еден чекор напред . Мислам дека не само со начинот на презентација на новата колекција туку и со самите модели повторно нè остави без здив. Ако со еден збор треба да се објаснат креациите, тоа е драматичност. Ако тоа била целта потполно е исполнета. Значи за мене некои од креациите беа максимално впечатливи, ексцентрични, шик, незаборавни особено со толку многу внимание на деталите. Ми се допадна и враќањето на крзното и таа софистицираност во вториот дел на колекцијата. Во секој случај многу впечатливо и многу драматично. Сметам дека печатот на секоја нова колекција е храброста, смелоста да зачекори во нешто ново, затоа што сме виделе сосема различни колекции со нејзин потпис еве и ова што го носам е Елена Лука дел од поранешните колекции, значи сè зависи од нејзината инспирација на таа конкретна колекција. Се сеќавам на колекцијата која што беше монохроматска во една боја да се направат парчиња облека кои се впечатливи е потешко, но на Елена и тоа и успеа. Овој пат во сосема други води. Мислам дека точно тоа, смелоста да се прифати предизвик и да си исчекори во непознатото е препознатливо само за Елена Лука - вели Миланка
Сара Мејс имавме можност досега неколку пати да ја видиме во креација на Елена Лука, па не ја пропушти можноста да го види и најновото од неа, а еве ги и впечатоците.
- Многу ми се допадна и сакам да го носам белиот долг со кој ревијата се затвори. Ми се допаднаи белата крзнена бунда. Сметам многу луѓе ќе си го одберат својот модел на капут од oваа колекција. Ми се допаднаа и шапките многу се оригинални, како и целата приказна, а и музиката исто така беше одлично вклопена. Според мене, печатот на Елена Лука е златната боја, како нејзина заштитна боја и мислам дека ако нема нешто златно во колекцијата, би се запрашале дали е Елена Лука – вели пејачката.
И младата актерка Драгана Левенска – Кала ги сподели своите први импресии.
- Кога доаѓав накај ревија си велев овојпат ќе се потрудам да најдам барем и некаква мала забелешка, но и овој пат немам. Прекрасно навистина. Првин, многу ми се допаѓа што се случува овде во театар, мојот втор дом бидејќи самото место е магично и волшебно и бидејќи најавата беше Eligion, внатре во самите модели најдов многу готика.Тоа многу ми се допаѓа бидејќи е многу ново за Елена Лука. Значи, оние што се малку „мрачни“ девојки и што повеќе ја сакаат онаа црна страна, сега слободно можат да се пронајдат во новите модели на Елена Лука. Комбинацијата на црно и бело што ја гледав на сцена, ме фасцинираше. Акцентот овој пат беше ставен на креациите и тоа е одлично, а не манекенките. Големи честитки до целиот тим на Елена Лука мене ми е многу драго што сум овде, многу ми е драго што гледам ваква ревија од светски калибар . Навистина уживав со сите сетила, се чувствувам посебно и ви посакувам уште безброј ревии секоја да биде различна со свој печат како и оваа – изјави Левенска вчеравечер.
Во продолжение погледнете ја галеријата од гостите и атмосферата: