Беспрекорните комбинации на Харви Спектер од Suits!

3 февруари 2015

Доколку сте обожаватели на серијата Suits, тогаш веќе знаеме како го поминавте 28 – ми јануари! Токму во новата, долгоочекувана епизода на серијата, неодоливиот Харви Спектер ја продолжува неговата серија на фасцинантни комбинации со костими.

suits

Имено, ликот на шармантниот Габриел Махт во серијата е исклучително успешен адвокат со канцеларија сместена на прекрасниот Менхетен.

Во серијата, подеднакво добри костими носи и неговиот помлад партнер и ученик, Мајк Рос околу кого и се врти целата содржина.

Во епизодите во кои покрај тоа што секогаш се провлекува некој интересен случај, особено впечатливи се и костимите што ги носи актерот.

Од почетокот на серијата, па сѐ до последната објавена епизода, особен акцент е ставен на костимите во кои се појавува Харви, но и сите останати.

Многу често, главниот лик носи костими скроени по мерка од модната куќа на Том Форд, но и од одличните Garrison Bespoke од Торонто. Многу често, во серијата можеме да го видиме главниот актер и во совршено скроен костим на Ралф Лорен, Пал Зилери, Китон, Рејк и уште неколку други брендови.

Сите оние што ја обожаваат серијата, веројатно досега забележале дека омилените костими на Харви се токму оние составени од неколку парчиња, како панталони, палто и елек, секогаш комбинирани со извонредна кошула и внимателно одбрана вратоврска.

 

Тој е подеднакво стилски и кога за некоја специјална пригода ќе одбере црн смокинг или пак некоја лежерна варијанта од кошула и панталони за неговите приватни обврски.

Она што дефинитивно мора да го признае секој, е тоа дека без разлика на тоа што и да одбере тој, Харви Спектер секогаш ќе биде миленик на жените и пример за мажите!

Објавено:
3 февруари 2015
Категорија: 
Тренд