Греми 2015 во знакот на борба против насилство

9 февруари 2015

Се сумираат впечатоците од синоќешното 57-мо издание на музичките награди Греми во Лос Анџелес. Музичката манифестација ги исполни очекувањата од повеќе аспекти, па уште во раните утрински часови се зборуваше за повеќе теми – победниците, настапите и секако, модата.

Сем Смит победник на вечерта

Може да се рече дека ова издание во целост беше посветено на изведувачите и нивните перформанси. Иако конкуренцијата беше голема, младиот Сем Смит освои четири награди и тоа за најдобар поп-албум, најдобра песна и најдобар сингл за Stay with me и најдобра млада надеж. И покрај големиот успех, Британецот не успеа да ја надмине Адел, која во 2013-тата освои дури шест.

Кога е листата на награди во прашање, најголемо изненадување беше Бек, кој победи во категоријата Албум на годината, каде се очекуваше наградата да ѝ припадне на Бијонсе. Канје Вест го искористи моментот да го сврти вниманието врз себе и да се пошегува на своја сметка. Во 2009 година на Ем-Ти-Ви  Видео Музичките награди, тој непоканет се качи на сцената, прекинувајќи ја Тејлор Сфивт, победничката во категоријата најдобро женско видео, изразувајќи го своето незадоволство. Според него, тогаш наградата требаше да ѝ припадне на Бијонсе за видеото за Single Ladies. Затоа, сега кога Бек ја примаше наградата, Канје стана од своето место упатувајќи се повторно кон сцената, а кога сите мислеа дека ќе го гледаат истото сценариото од 2009, тој се врати, смеејќи се. И покрај тоа што се пошегува, Канје не пропушти подоцна за новинарите да изјави како навистина смета дека Бијонсе и овој пат ја заслужува наградата.

Бек и Канје

Инаку, Бијонсе на ова издание на Греми, имаше настап со ангели, изведувајќи нумера од филмот Селма, е се здоби со три Греми награди - за најдобар аренби перформанс, аренби песна, како и за албум со најдобар звук. Три Гремија освои и Фарел, а на сцената се појавија и Мадона, Ријана, Пол Макартни, Гвен Стефани, Канје Вест...

Комплетната листа на добитници можете да ја видите овде.

Порака за насилство врз жената

Впечатлив настап имаше и Кејти Пери со песната “By the Grace of God”, најмногу поради пораката да се стави крај на домашното насилство, односно насилство врз жената. Нејзиниот настап го најави адвокатката Брук  Акстел, која откри дека и самата имала вакво искуство.

-Вистинската љубов не молчи, не се срами и не се злоупотребува – изјави адвокатката.

Кејти Пери

На таа тема беше и говорот на претседателот Барак Обама, во видео пораката:

- Вечерва ја славиме уметноста, музиката, културата... Заедно можеме да ја смениме на подобро, спречувајќи го насилството врз жените и девојките. Една од пет жени е жртва на силување, повеќе од четири жени доживеале некаков вид на домашно насилство. Не е во ред. Мора да престане. Уметниците  ја имаат таа уникатна можност да влијаат врз размислувањата и постапките. На нас е. На сите нас – да создадеме култура каде насилството не се толерира, каде преживеаните се поддржуваат и каде сите млади луѓе, мажи и жени, можат многу далеку да стигнат со нивните таленти и соништа. Ги повикувам овие уметници на Греми и нивните обожаватели да се приклучат кон оваа кампања – рече Обама во пораката.

Инаку, овој говор е дел од најновата кампања на Белата куќа „Од нас зависи“ (It’s on us).

Мода – Блескави и шокантни модни избори на црвениот килим

Црвениот килим на ова издание на музичката манифестација издржа сè – и одлични модни комбинации, и шокантни, и тотални промашувања. Генерално, ѕвездите се одлучија за светкави модни комбинации, но имаше и такви што отскокнуваа што поради добриот, што поради лошиот избор.

Тејлор Сфивт во Ели Сааб

Кога сме кај добрите, посебен впечаток оставија Тејлор Сфит во креација на Ели Сааб, од последната haute колекција. Кејти Пери изгледаше изненадувачки убаво во креација на Зухаир Мурад исто така од последната колекција. Гвен Стефани остана доследна на нејзиниот стил, а за тоа овој пак ѝ помогнаа од модниот бренд Версаче. Креација на Зухаир носеше и Џеси Џеј, со што ја видовме и во едно ново, гламурозно издание.

Џеси Џеј Џеси Џеј

Ријана се одлучи за креација на Џамбатиста Вали, што наиде на различни реакции. Некои сметаа дека нејзиниот избор е сосема соодветен за црвен килим, додека на други им личеше на торта.

Ријана во Џамбатиста Вали

 

Но, ако се доделуваше награда за најшокантен изглед, таа дефинитивно ќе ѝ припаднеше на Мадона. За нејзиниот изглед како матадор се погрижи Живанши. Всушност, Мадона сакала да биде провокативен и секси женски матадор, но целта не е постигната. Градите на пејачката воопшто не изгледаат атрактивно, а и откриената задница не ѝ одеше во прилог. Сите ја почитуваме Мадона, која била навистина револуционерна, но веројатно е крајно време да се помири со фактот дека не е веќе млада.

Мадона во Живанши

Мадона

Критикуван е и изгледот на Ким Кардашијан. Златната тоалета со потпис на Жан Пол Готје многумина ги потсети на бањарка или ноќница, а во комбинација со Ким резултатот е евтин изглед. Односно, комбинација идеална за забавите на Хју Хефнер. Но, на Канје му беше мошне привлечна, а тоа сите и го видовме:

Ким и Канје

Фарел Вилијамс остана доследен на оделата со куси панталони, но неговата сопруга сосема изненади со изборот. Спортски комбинезон со потпетици не е нешто воодушевува.

Фарел со сопругата

А кога се светкавите комбинации во прашање, за нив се одлучија Лејди Гага, Рита Ора, Парис Хилтон.

Рита Ора Рита Ора

Актерката Џејн Фонда уште еднаш покажа дека можат да ѝ позавидат на фигурата, а овој пат комбинезонот од Балман, што некои можеби и ќе го сметаат за храбар избор, навистина одлично ѝ прилега. Многумина ја пофалија и Џулијана Рансик, која беше една од ретките што се одлучи за панталони, но она што секако не е за пофалба е исклучително нискиот број на килограми што го има.

Џулијана Ренсик

Џејн Фонда во Балман

Во продолжение погледнете кој што носеше на црвениот килим, како и дел од настапите.

Објавено:
9 февруари 2015
Категорија: 
Сцена