Man-blue-shirt

Трендот на носење само кошула и фармерки за речиси секоја пригода, особено за излегување навечер, го натера магазинот Esquire направи листа на предлози со други модни парчиња. Не морате сосема да се откажете од кошулата, но не се ограничувајте само на неа.

Лежерните кошули, со чудни дезени и силни бои како виолетова, портокалова и слично, треба да се веќе минатост. За несоодветно откопчана кошула да не зборуваме воопшто.

Ако се препознавте, или го препознавте вашиот партнер, другар, роднина во овој опис, тогаш прочитајте го текстот во продолжение:

Блуза со висок околувратник

43198139xp_14_f

Не се работи за обична, спортска блуза, туку за оние со струкирана линија, сјајна текстура  и детали какви што се на пример патентите. Во комбинација со на пример маслинесто зелени платнени панталони и убави бели патики, ќе го привлечете сечие внимание, без многу да се трудите

Кожена јакна

10884342_4275812_1000

Кожена јакна со тесни фармерки е најлесен начин да изгледате добро. А токму тоа ви е потребно за во клуб или дискотека.

Подобрена верзија на оксфорд кошула

gallery_1424891743-15s-c44-1_390_464-1

Иако изгледа како обична кошула, оваа има тенки флуоресцентни нишки, што ја прават соодветна за вечерно излегување. Има одличен крој и е сосема спротивна на кошулата што инаку ја носите кога одите во клуб. Ова парче ќе направи да изгледате одлично цела вечер.

Ролка

10805353_3909613_1000

Ролките се повторно во мода и една мора да имате во својот гардеробер. Нека биде црна и од волна, затоа што ќе се чувствувате удобно, ќе биде мека на допир, а бојата ќе ја направи идеална за повеќе модни комбинации, меѓу кои и тие вечерните.

Поло маица

10914629_4429830_1000

Комбинирањето на поло-маица со омилениот џемпер, ќе направи да изгледате лежерно, но сепак со доза на елеганција. Можете да ја комбинирате на фармерки или уште подобро со тесни платнени панталони.

Кардиган во темна боја

u_22305395

Тоа е парчето што ќе ви даде одлична линија на телото и префинетос, независно во која боја ќе го одберете. Сепак, нашата препорака е некоја темна боја, која ќе можете да ја комбинирате со други парчиња и да ја истакнете вашата личност, а копчињата го прават „покул“ отколку обичен џемпер.

Морнарско сина маица

goods_69_124634

Со сосема едноставен крој и морнарско сина боја, е пософистициран избор отколку што мислите. Оваа боја може да се искомбинира со речиси сè и речиси секому добро му прилега. Само внимавајте на големината. Одберете маица што има тесни ракави и на вистински начин ги истакнува мускулите на вашето тело (доколку ги имате). Не купувајте маици со помал број, што прават да изгледате како секој момент да ќе распукате или премногу широки, како пижами.

Пилотска јакна

gallery_1424891426-ustoc3000851723_m1_1-0

Доминантен тренд кај мажите за претстојната пролетна сезона. Дава многу опции за комбинирање. Изберете јакна од материјал со интересна текстура, што ќе ја истакне вашата модна комбинација уште повеќе

Објавено:
27 февруари 2015
Категорија: 
Направи сам