Армани за крај на модната недела во Милано

3 март 2015

Армани

Последниот ден од миланската модна недела помина во знакот на две големи ревии, на Џорџо Армани и брендот Dsquarеd2.

Армани: Навраќање кон основата

„Луѓето секогаш зборуваат за модата со термини на воодушевување, магија... Но, каква магија? Ние тука не треба да воодушевуваме, треба да продаваме“, изјави дизајнерот пред почетокот на шоуто.

Инаку, оваа година, поточно следниот месец, Армани ќе прослави 40 години работа, а за сето ова време тој правеше мода за жена што има цврст, но едноставен став, претставени преку јакни и панталони.

Армани

Но, како вели самиот дизајнер, спојот на едноставноста со моќта, силата е често една од најтешките работи да се изведат. Сепак, ако гледаме низ 40-те години искуство на Армани, тој мошне добро знае како да го изведе тоа, а го докажа и во оваа најнова колекција за есен-зима 15/16.

Парчиња преку кои Армани ја изгради својата репутација и во кои силно верува се присутни и сега, поставени како нов тренд.

Армани

Кога е палетата на бои во прашање, таа се движи од светлосина, преку фуксија, до сива, црна и препознатливата за Армани морнарско сина, односно тегет. Панталоните се обично во дезени и принтови, со должина до глужд, додека палтата варираа од оние кусите со дворедно закопчување како од 1980-тите, до лежерни, долги палта од плетени материјали.

Армани

Со блага варијација на овие парчиња, дизајнерот и неговиот тим покажаа дека панталони и палто, односно јакна можете да носите во сите пригоди.

Близнаците Ден и Дин, зад етикетата Dsquarеd2 создадоа слоевита колекција. Инспирацијата и овој пат ја најдоа во родната Канада. Со мешавина на принтови и материјали, модното дуо претстави еклектична колекција за сезона есен-зима 15/16, во која покрај слоевитоста и колоритноста доминираше и крзното, имплементирано најчесто во модните додатоци.

Dsquarеd2

Dsquarеd2

Dsquarеd2

Dsquarеd2

Објавено:
3 март 2015
Категорија: 
Колекции