Тренд аларм: Пастелна комбинација за повикување на пролетта!

6 март 2015

Во женскиот месец, како што многумина милуваат да го наречат, кога сите сме очајни по пролет, ние ја имаме совршената комбинација со која ќе ја повикаме!

Без разлика на исклучително променливото време, без размислување почнете да одбирате светли бои во секојдневните комбинации, па така денеска, носиме токму таква. Правиме одличен микс на материјали со оваа нежна и кул јакничка во пастелно розова боја направена од прекрасен и пријатен материјал.

Истата ја комбинираме со кожени панталони во многу светла розева нијанса што одлично ќе се соедини со бојата на јакната.

Како и секоја пролет, така и оваа, во мода се рамните и удобни чевлички, па така денеска носиме едни такви со животински принт.

За крај, каде и да планирате да го поминете овој петок или пак викендот, не заборавајте да го понесете најубавиот моден додаток со вас – насмевката!

Објавено:
6 март 2015
Категорија: 
Тренд