Питер Дандас е повтортно дел од брендот Кавали

20 март 2015

landscape-1426776074-landscape-1426774210-464771222

Гласините се обвистинија. Тимот на модниот бренд Роберто Кавали во четвртокот официјално му посака добредојде на Питер Дандас на позицијата креативен директор.

Норвешкиот дизајнер ја напушти позицијата уметнички директор во Емилио Пучи, каде беше од 2008 година.

-Ова за мене е враќање дома. Чест ми е да продолжам да го развивам прекрасниот свет на Роберто Кавали. Многу сум возбуден од можностите и потенцијалот на овој уникатен бренд. Едвај чекам да почнам со работа - изјави Дандас, кој соработуваше со Кавали како главен дизајнер во периодот од 2002 до 2005 година.

Од брендот велат изборот паднал на Питер Дандас бидејќи сакаат да се развие стил кој е комбинација од гламур, традиција и иновација, која во светот е позната и признаена како потпис на Кавали уште од основањето на брендот.

Првата колекција на Дандас за Квалаи се очекува во септември во Милано.

 

 

Објавено:
20 март 2015
Категорија: 
Актуел