Пролетни мантили во сите варијанти

14 април 2015

Лесните мантили изработени од пријатни материјали топло ви ги препорачуваме за топлата сезона во која веќе чекориме. Зошто? Затоа што ништо не ве ограничува да ги комбинирате секојдневно, а во различни варијанти и за различни пригоди. Дури и наједноставната дневна комбинација ќе ја разиграта и ќе и дадете посебен печат со еден колоритен мантил со три-четврт ракави.

Она што го забележавме во пролетно-летните колекции на светските дизајнерски имиња беше доминација на флората и фауната испринтана на мантилите-кимона или таквите во пастелни бои со лежрени кроеви, на врзување.

Едноставно се комбинираат и со спортски маички, џинс и патики, но сосема гламурозна димензија добиваат кога ќе се спарат со романтично фустанче и високи потпетици.

Еве ја нашата дневна доза инспирација за вас.

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Тренд