Совршено љубовно гнездо за млад брачен пар

17 април 2015

Модерниот и урбан дизајн го краси овој стан од 50-тина метри квадратни осмислен за потполна удобност и уживање...Погледнете!

Модерниот стан кој го дизајнирал Алексеј Степанов се наоѓа во Дњепропетровска во Украина.
fsdfesfefewf

Станот е дизајниран за млад брачен пар, а просторот од 50 квадратни метри е прилагоден на урбаниот начин на живот.

Дневниот простор без многу мебел но со доволно полици и вградени ормари во потполност ги задоволува потребите на станарите.

Функционалната и урбана кујна која се наоѓа во склоп со дневниот простор е всушност прилично пространа за стан од само 50 квадратни метри. Шанкот во кујната е замислен за подготовка на јадење.

ggfbfg

Модерниот дизајн со многу украсни детали и голем аквариум го прават ентериерот единствен и впечатлив, а најголемиот квалитет е во тоа што во потполност го одржува сензибилитетот на сопственикот. Деталите во ведри бои како што се перничиња и рамки за слики внесуваат динамика во комлетниот простор.

vhgjkh

Спалната соба истовремено е и едноставна и многу оригинална. Доминира дрво па затоа на урбаниот дух му дава значајна природна нота, но најинтересно е како е осмислен креветот чија висока платформа остава доволно простор за скалдирање на постелнина и книги кои се во актвина употреба.

sdfsdfdsf

Многу се модерни и мотивационите мисли – кои ќе ги видите на ѕидовите на спалната соба и бањата, а сигурно се подобар избор за современ пар од било каква копија на слика која нивниот буџет би можел да ја издржи.

Објавено:
17 април 2015
Категорија: 
Култура