Плакарт- Здружението за графички дизајнери на Македонија и Скопје постер фестивалот по десетти пат ја презентираат својата јубилејна 5 годишна поставка на најдобрите постери од конкурсите од 2008-та до 2012-та година.
Овој пат 50-те најдобри плакати од Скопје постер фестивалот се дел од 8 дневната програма од 3-от регионален форум за дизајн Флуид, кој се одржува во Цетиње, Бар и Подгорица, Црна Гора.
Во нејзини рамки презентација за активностите на Плакарт и за плановите на Скопје постер фестивалот имаше Лазе Трипков.
„Никогаш не е премногу од вакви регионални проекти кои имаат за цел промоција на добриот дизајн, но и развивање на врските помеѓу креативците. Но најбитно од се е да понудиме разновидни платформи како оваа, а и каков што е Скопје постер фетивалот, преку кои младите од Балканот ќе се пронаоѓаат и ќе соработуваат .“ -се обрати кон сите присутни основачот на Плакарт и иницијаторот на Скопје постер фестивалот.
Покрај Плакарт на форумот присутни се значајни гости од дизајнерската фела од регионот, како Борут Вилд, претставници од Дан-Д фестивалот за дизајн од Хрватска, а планирани се и бројни работилници и презентации.
Поставката ќе биде изложена до 14 мај, по што патува во Белград, каде ќе биде презентирана во рамки на студентскиот фестивал за уметност - Ш.У.Н.Д.
Досега постерите на студентите од Иран, Кина, Полска, Мексико, но и од Македонија беа покажани меѓудругото во Варшава, Ротердам, Цирих, Париз, Прага, Белград, Лисабон.