Стајлинг на неделата #97: фустан на преклоп + едноставност и минимализам
•
28 април 2015
Фустанот на преклоп е есенцијално модно парче во плакарот на жените кои престендираат елеганција и софистицираност во својот стил. Покрај тоа што прва асоцијација за овој тип на фустан е дизајнерката Дијан фон Фурстенберг, во својот женствен имиџ го имаат „позајмено“ голем дел од модните икони на денешницата.
Една од нив е Шарлиз Терон, која важи за холивудска дама што секогаш внимава на одмереноста во својот изглед. Така и во овој пример, таа носи асиметричен фустан на преклоп во црна варијанта, повторно во едно минималистичко издание, комбиниран со елегантни црни сандали. Шминката и фризурата исто така се во минималистички фазон и ја комплетираат целосната слика.