Најубавата жена во светот за 2013 според Пипл Магазинот, Гвинет Палтроу и една од најпочитуваните дизајнерки на денешницата Дијан фон Фурстенберг, наскоро ќе лансираат заедничка капсулна колекција за која нема сомневање дека ќе биде одлична.
Двете прекрасни и талентирани жени, ќе направат заедничка, лимитирана и ексклузивна колекција која ќе се продава преку сајтот на Гвинет - „Goop“, а со истата ќе биде одбележана 40 – годишнината од фустанот на преклоп на дизајнерката, кој стана едно од најпрепознатливите модни парчиња.
Со цел да се одбележи годината во која фамозниот фустан на дизајнерката ја слави својата 40 – годишнина, во новата колекција за Goop, Фурстенберг ќе редизајнира некои од нејзините најпознати парчиња што ги создала низ годините наназад. Меѓу нив ќе се најде и добропознатата клач чанта 440 Envelope Clutch, како и некои од нејзините нејпознати женски костими.
„Дијан ги отелотворува прототипите на вистинската жена од 21 – от век. Таа истовремено е толку моќна, но и толку нежна. Неверојатно успешна како бизнис жена, неверојатно дисциплинирана. Ние сите во Goop се восхитуваме на нејзината скромност, гламурозност и креативност“, изјави Гвинет за нејзината пријателка.