Спајс Грлс повторно се обединија за роденденот на Дејвид Бекам!

4 мај 2015

Покрај неговото семејство, 40 – тиот роденден на Дејвид Бекам му го честиташе и своевремено најпопуларната женска група Спајс Грл во која членуваше и неговата сопруга Викторија.

Таа за него организираше совршена забава во мистичниот Маракеш каде меѓу поканетите беа и дел од девојките од Спајс Грл меѓу кои и Гери Халивел, Ема Бантон и Мел С, а друштво им правеше и најдобрата пријателка на Викторија, Ева Лонгорија.

По повод 40 – тиот роденден, пензионираниот фудбалер конечно го лансираше својот Инстаграм прогил каде постојано објавуваше фотографии од забавниот викенд што му го приреди неговото семејство по повод роденденот.

Сосема нормално, за само два дена тој достигна бројка од повеќе од четири милиони следбеници на социјалната мрежа благодарение на неговата популарност и фотографиите што ги постираше досега.

Она што беше особено интересно е тоа што покрај секоја објавена фотографија, згодниот фудбалер пишуваше и интересни описи меѓу кои и оној на фотографијата со неговиот син Бруклин за кој ќе каже дека е „вистинскиот шеф во семејството“.

Во продолжение во галеријата, погледнете како помина забавата за 40 – тиот роденден на Бекам во Мароко.

Објавено:
4 мај 2015
Категорија: 
Сцена