Харизматичната актерка Ребел Вилсон која одлично знае да се носи со своите килограми, најави нејзина дизајнерска „plus-size“ колекција.
Овој потег на холивудската актерка воопшто не е изненадувачки, со оглед на фактот дека таа е една од најдобро облечените „plus size“ жени во шоубизнисот, па своето искуство, но и проблемот со кој лично се соочува, како и голем дел од жените во светот, ќе ги искористи како насока во дефинирањето на нејзината модна линија.
Ребел линијата ќе ја дизајнира во соработка со модната куќа Torrid која е специјализирана за ваков тип на облека, што значи дека актерката барала сигурен партнер за овој проект.
„Не верував дека постои таква модна куќа која креира облека со големи конфекциски броеви, а истовремено е кул, квалитетна и достапна“, вели Ребел за тоа како дошла до идејата да соработува со брендот Torrid.
Таа најавува дека колекцијата која ќе биде лансирана на пазарот во ноември, ќе го носи нејзиниот автентичен стилски печат и дека во целиот процес на креирање ќе се вложи максимално и несебично, без да ја штеди целата креативна енергија.
Ѕвездата од „Pitch Perfect “ и „Bridesmaids“ до сега неколкупати не' водушеви со нејзиниот одличен стилски избор за појавувањата на црвениот килим, што е најава за одлична колекција за жени со облини која ќе биде достапна и онлајн на torrid.com.