Балман ќе ја креира следната колекција за H&M

19 мај 2015

По соработката со голем број познати дизајнери и модни куќи, шведскиот гигант H&M својата следна соработка ја најавува со еден од најекспонираните брендови на денешницата, Балман.

Оваа информација беше потврдена завчера, на доделувањето на наградите на магазинот Билборд во Лас Вегас, каде креативниот директор на Балман, Оливие Рустенг  се појави во друштво на Џордан Дан и Кендал Џенер, за кои веќе се шпекулира дека моожеби ќе бидат новите лица на заедничката соработка.

H&M ја потврди информацијата на социјалната мрежа Твитер, каде објавија: Сега е официјално! Балман ќе ја дизајнира новата колекција во соработка со H&M.

Претпоставуваме ова ќе биде една од најочекуваните колекции за следната сезона, чие лансирање на пазарот е закажано за 5-ти ноември.

Најголем дел од соработките на шведската етикета со познатите дизајнерски имиња до сега се покажаа како доста успешни, што е дополнителна причина да веруваме во планетарниот успех и на новото партнерство за следната сезона.

Објавено:
19 мај 2015
Категорија: 
Актуел