Талентираниот танчар Илија Карадакоски од танцовиот клуб „Prima Danza“, кој пошироката јавност го запозна преку шоуто „Танц со ѕвездите“ е партнерот на пејачката Симона Попоска во нејзиниот нов спот за песната „Сакам се“.
Интересно е што во овој видео запис ќе имаме можност да ги видиме и танчарските способности на Симона во што и помогна и професионалниот танчар Илија.
Песната и спотот со наслов “Сакам се” е комплетно авторско дело на Sky Eye Entertainment. а е снимен низ повеќе локации во нашава земја.
„Се подготвувавме напорно за спотот, танцот и играњето на сцена се неизбежен дел од моите настапи затоа посетувам и часови по танц”, вели пејачката која за потребите на овој спот научи и нови чекори благодарение на нејзиниот партнер и инструктор по танц.
Се очекува спотот да биде објавен за десетина дена, а пејачката најавува и нова фотосесија, како и нови песни на македонски и англиски јазик.