Млади македонски танчари триумфираа на „Jagodina Open“

17 декември 2015

Македонските претставници од танцовиот клуб „Prima Danza" триумфираа на Интернационалниот фестивал на танц „Jagodina Open" што минатиот викенд се одржа во Јагодина, Србија.

Со освоени три први места за категориите: латино-шоу за група, дуо и соло, едно второ место за латино-шоу соло и трето место во категоријата хип-хоп група, нашите претставници беа меѓу фаворитите на престижниот меѓународен фестивал.

Марија Маленкова, Сандра Георгиев, Сара Левич, Јоана Дончевска и Моника Кочманова, под менторство на професионалните танчари Илија Карадакоски и Симона Веселиновска, успеаа да се издвојат помеѓу најдобрите во конкуренција од повеќе од 1000 натпреварувачи од 36 градови од регионот.

Деновиве, претставници на „Prima Danza" престојуваат во Истанбул, Турција каде ќе бидат дел од значајниот музички настан „Turkvizyon".

Објавено:
17 декември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
694 пати