Eat the Beat триумфираше на „Balkan Dance Unity“

22 ноември 2016

Со три први места, талентираните танчари од македонското танцово студио Eat the Beat триумфираа на интернационалниот танцов натпревар „Balkan Dance Unity 2", што се одржа викендов во Ниш, Србија.
Нашите танчари под менторство на професионалците Илија Карадакоски и Симона Веселиновска успејаа да ги освојат првите места во категориите: ХипХоп група-јуниори, Латино шоу група-јуниори и Латино шоу соло-јуниори.

Исто така, нашите претставници од Eat the Beat освоија второ, четврто и петто место во категоријата ХипХоп соло-јуниори.

Инаку натпреварувачите на овој престижен меѓународен натпревар беа поделени во четири возрасни групи: мини (до 7 години), деца (8-1 години), јуниори (12-15) и возрасни (над 16 години), а се натпреваруваа во повеќе категории.

 

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
522 пати