Македонија е светски шампион во латино шоу!

18 декември 2017

Нашата земја е светски шампион во категоријата латино шоу група деца, на Светското првенство во латино шоу, што деновиве со одржуваше во Атина, Грција.

Танцовото студио „Eat the beat“ ѝ ја донесе огромната победа на Македонија, што воедно до сега е и најголем успех во танцово натпреварување на светско ниво.

Мила, Тамара, Борјана, Александра, Магдалена, Мила и Драгана имаа одлична кореографија на тема „Седумте џуџиња“ која се издвои од големата конкуренција, а за која беа задолжени нивните инструктори Илија Карадакоски и Симона Веселиновска, со што успеаа да го освојат златниот медал.

„Eat the beat" на Светското првенство учествуваше со 40-на танчари во повеќе категории. Во огромна конкуренција од над 1000 натпреварувачи, нашата екипа успеа да го освои првото место во категоријата Латино шоу група деца, на што сите сме многу горди и среќни што и донесовме еден значаен успех на нашата земја, а секако е и наша голема лична сатисфакција“, изјави Илија Карадакоски.

Покрај златниот медал, успехот на ова танцово студио е заокружен со уште еден, бронзен медал во категоријата Латино шоу јуниори, која важи за најтешка категорија со најголeма конкуренција.

120 натпреварувачи од 3 различни клубови од нашата земја учествуваа на Светското првенство во латино шоу. Нашата држава беше втора по бројност, зад Италија, а пред домаќинот Грција.  

 

Објавено:
18 декември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
447 пати