Вечерва е премиерата на претставата „Неверство“ во МОБ
•
29 октомври 2015
Вечерва со почеток во 21.30 часот на малата сцена во Македонската опера и балет, премиерно ќе биде одиграна претставата „Неверство“,од Карл Пинтер, а во режија на Влатко Павлески.
„Неверство" е едно од најзначајните дела на Англиската драма. Пишувајќи ја во 1978 година, Харолд Пинтер бил инспириран од својата прикриена вонбрачна љубовна афера со една од презентерките на ББЦ, Џоан Беквел, која траела седум години...
Претставата е воедно прв ваков проект на Павлески. Продукциска куќа е Прима Данца, а улогите во претставата ги
играат:
-Предраг Павловски (Џери)
-Катарина Илиевска Силјановска (Ема)
-Самоил Стојановски (Роберт)
-Илија Карадакоски (келнер/танчер)
-Симона Веселиновска (танчар)
-Слободан Трајковски (танчар)