1

Жените со големи стапала не се единствените што се соочуваат со проблем при купувањето чевли. Иако во странство тоа и не е голем проблем, во Македонија чевлите со број над 40 се многу ретки или ги има во само неколку примероци.

Но, на оние со мали стапала не им е ништо полесно. Токму затоа и Huffington post направија листа на компании кои произведуваат чевли со мали броеви.

И покрај тоа што ги нема кај нас, постои опција да ги купите онлајн или пак доколку се движите во земјите каде ги има, да ги посетите нивните продавници.

Shoes Of Prey

f1

Тие велат дека веќе нема потреба да купувате чевли на детскиот отсек, бидејќи тие произведуваат чевли од број 31 до број 49. Без разлика со каков проблем се соочувате, шансата да си ги најдете омилените чевли кај нив е голема.

Marmi Shoes

f2

Марни нуди летни и зимски обувки од број 35 до 45, во различни модели и бои, со што ќе бидете во чекор со сите актуелни трендови.

Pretty Small Shoes

f3

Оваа компанија има чевли со број 32 па нагоре. Групирани по категории, многу лесно ќе ги најдете обувките што ви требаат. Дали ви се потребни балентаки, чевли со средна или висока потпетица, невестински чевли и слично, тие велат дека се трудат понудата секогаш да биде голема и тренди.

Cinderella Of Boston

f4

Уште една компанија и сајт што нуди чевли од број 32 па нагоре. Исто како и претходните, нивната понуда содржи различни типови обувки, со што им се олеснува потрагата на сите оние што се соочуваат со проблемот „мали стапала“.

Објавено:
22 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци