Оваа прекрасна и сончева среда носиме лесна црно – бела комбинација составена од лежерни црни панталони и едноставна бела маичка со тенки прерамки. Комбинацијата надополнете ја и со едноставни бели влечки што летово се ултра модерни. Што се однесува до модните додатоци, и денеска одберете шапка со која ќе се заштитите од сонцето, но истовремено ќе бидете неверојатно шик. Очилата за сонце и волуменозната црна чанта денеска се полн погодок!

Уживајте во уште една прекрасна среда!

Објавено:
22 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
878 пати